Илјадници Израелци протестираа против Владата на Нетанјаху, бараат размена на заробеници со Хамас

June 18, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Десетици илјади Израелци се собраа на улиците во близина на израелскиот Парламент во Ерусалим доцна синоќа за да протестираат против Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху и да побараат предвремени избори и размена на заробеници со Хамас, јавува Анадолу.

Демонстрантите ги исполнија околните улици носејќи израелски знамиња и фотографии од израелски заробеници држени во Газа. На некои транспаренти Нетанјаху беше пречкртан со црвено „Х“ и текст „Злобен демон“ на хебрејски и англиски јазик.

Демонстрантите извикуваа слогани како „Соборете ја измамничката Влада“, „Избори сега“, „Предавници“ и „Срам“, според мониторингот на Анадолу на израелските медиуми што го пренесуваа протестот во живо.

Синоќешните демонстрации беа дел од активностите „Недела на отпор“ организирани од „Браќата на оружјето“, група на поранешни израелски војници.

Протестите започнаа претходната сабота и планирано е да продолжат до четврток.

Тие се организираат во услови на политички тензии во Израел и повици за постигнување договор за размена на заробеници со Хамас, палестинска група што го контролира Појасот Газа.

Непочитувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се загинати повеќе од 37.300 Палестинци, повеќето жени и деца, а над 85.000 се повредени.

Во текот на осум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, а постои блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине својата операција во јужниот град Рафа, каде што над еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите на ЕУ не се договорија за челниците на институциите на Унијата

Следно

Десетици севернокорејски војници ја минаа границата со Јужна Кореја

Latest from Blog

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на
Go toTop