Илјадници демонстранти учествуваа на собирот во Јемен за поддршка на палестинскиот народ од Појасот Газа

March 9, 2024
1 min read

САНА (АА) – Илјадници Јеменци вчера учествуваа на масовниот собир во Сана, кој е под контрола на бунтовничкото движење Хуси. Собирот се одржа во знак на поддршка на палестинскиот народ во Појасот Газа, кој се соочува со израелски разорни напади од 7 октомври, известува Анадолу.

Пропалестинскиот собир се одржа на плоштадот Ал Сабин во Сана, а портпаролот на воената група Хуси, Јахја Сари, изјави дека јеменскиот народ ја продолжува својата поддршка за палестинскиот народ во Газа.

Протестот е организиран од групата Хуси, која најави и продолжување на нападите во Црвеното Море врз бродовите поврзани со Израел и воените бродови на САД и на Велика Британија.

На собирот во Сана, демонстрантите виореа палестински знамиња и скандираа против израелската војна во Газа.

Тензиите во Црвеното Море ескалираа по нападите на Хусите врз комерцијалните бродови за кои оваа група се сомневала дека се поврзани со Израел.

Хусите велат дека нивните напади имаат за цел вршење притисок врз Израел за да ги запре своите смртоносни напади на Појасот Газа.

САД и Велика Британија започнаа воздушни напади на позициите на Хусите во Јемен на 12 јануари во знак на одмазда за нападите во Црвеното Море.

Црвеното Море е едно од најчесто користените морски патишта во светот за транспорт на нафта и горива. Тензиите во овој регион предизвикаа страв од нов раст на инфлацијата и прекин на ланецот на снабдување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради Задушница, посебен сообраќаен режим во Скопје

Следно

„За мене ова е финале“, рече Ердоган за престојните избори во Туркије

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop