Screenshot

„Илинден“-Тирана: Одлуката за мигрантски центри во Пустец ги крши правата на Македонците

January 29, 2026
1 min read

Македонско друштво “Илинден“-Тирана дава целосна поддршка на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за поднесената тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец.

Сметаме дека оваа одлука е донесена без консултација, без јавна расправа и без почитување на правата и интересите на македонците во општина Пустец и што сериозно се нарушуваат принципите на локална самоуправа, демократско учество и заштита на правата на националните малцинства.

Општина Пустец, како средина во која живее македонско национално малцинство, мора да биде третирана со посебна внимателност и во согласност со меѓународните стандарди за заштита на малцинските права.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја повикува Владата на Република Албанија да ја преиспита донесената одлука, – стои во соопштението на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Прилеп: Интензивна акција за чистење на Градската река

Следно

Николоски: Хрватска останува наш гласен сојузник на европскиот пат

Latest from Blog

Владо Милев е нов одбојкар на унгарска Казинбарчика

фото: Одбојкарска федерација на Македонија (Facebook) Искусниот македонски одбојкарски репрезентативец Владо Милев кој пред една недела го напушти шампионот Струмица и официјално се врати во Унгарија во неговиот поранешен клуб Казинбарчика. Како

Коњановски: Јавните претпријатија мора да станат поефикасни и финансиски одржливи

На денешната седница на Советот на Општина Битола, свое обраќање имаше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Во продолжението го пренесуваме неговиот говор. „На почеток на оваа прва седница во Новата година сакам

Мицкоски: Проектот „Безбеден град“ има за цел да спасува човечки животи, погрешно е што одредени политичари се обидуваат да го етнизираат

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната седница истакна дека оваа влада ја гарантира правичната застапеност и новиот закон доби позитивна препорака од Венецијанска комисија што е обврзувачко

Кејн: Баерн ги имаше најтешките противници во ЛШ

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, вели дека германскиот првак го имаше најтешкиот распоред на натпревари во лигашкиот дел од Лигата на шампионите, а пласманот во осминафиналето е уште поголем успех гледајќи

Советот на Општина Битола започна со електронско гласање на седниците

Советот на Општина Битола денес ја одржува 5-та редовна седница на која се започна со примената на новиот електронски систем за гласање и на пленарните седници. Претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, истакна
Go toTop