Screenshot

„Илинден“-Тирана: Одлуката за мигрантски центри во Пустец ги крши правата на Македонците

January 29, 2026
1 min read

Македонско друштво “Илинден“-Тирана дава целосна поддршка на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за поднесената тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец.

Сметаме дека оваа одлука е донесена без консултација, без јавна расправа и без почитување на правата и интересите на македонците во општина Пустец и што сериозно се нарушуваат принципите на локална самоуправа, демократско учество и заштита на правата на националните малцинства.

Општина Пустец, како средина во која живее македонско национално малцинство, мора да биде третирана со посебна внимателност и во согласност со меѓународните стандарди за заштита на малцинските права.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја повикува Владата на Република Албанија да ја преиспита донесената одлука, – стои во соопштението на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Прилеп: Интензивна акција за чистење на Градската река

Следно

Николоски: Хрватска останува наш гласен сојузник на европскиот пат

Latest from Blog

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за
Go toTop