Илиевски: Ме радуваат енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во тимот

July 28, 2025
1 min read

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски направи мини-анализа на сработеното во изминатите денови, вклучително и оние две успешно реализирани „контроли“ против репрезентацијата на Швајцарија.

– Ме радува енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во репрезентацијата. Во однос на загубените топки бевме подобри од првиот меч. Дел од играчите се жалеа на болка, и затоа не беа во конкуренција. Забелешката која ја имаат некои се кошевите кои се постигнати помалку, а имавме кошаркари кои се на 20-годишна возраст кои треба да ги поддржиме. Нормално е да има пад на играта кога ќе бидат на теренот. На двата меча почнавме со различни петорки, но веќе имаме визија кој и колку може. Меѓутоа, многу кратко сме заедно за да фаворизирам некои пет играчи. Нè краси транзиција и тоа што секој играч го дава максимумот. Имаме уште скоро една недела да работиме пред Романија, задоволен сум од досега сработеното, но имаме уште многу за работа, изјави Илиевски по одработеното во Гевгелија, односно Негорски бањи.

Од денес македонските репрезентативци ќе тренираат во СРЦ „Кале“ во Скопје во очекување на првиот противник во претквалификациите – Романија.

– Романија сè уште не сме ја анализирале, зашто не знаеме кој е нивниот странски играч, иако веќе знаеме кој е носител на нивната игра, па тоа ќе го видиме во следните денови, дополни Илиевски.

Натпреварот Македонија – Романија ќе се игра на 2 август во Куманово.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Млад турски пливач успешно ја заврши трката во пливање „20 мостови“ околу Менхетен во Њујорк

Следно

По два дена изгаснат пожарот кај кумановското Бељаковце

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop