Илиеска: Власта со новата даночна реформа удира по граѓаните и компаниите бидејќи сите производи кои не спаѓаат во група на основни ќе имаат поскапа даночна стапка од 10%

August 8, 2023
1 min read

„Јас постојано апелирам законот за данок на додадена вредност е она што го тангира буквално секој еден граѓанин, но и компаниите заради тоа што тие се оние како претпоследната алка во синџирот на данокот на додадена вредност кои што ја продаваат храната, а граѓаните се како конзументи на храна односно последната алка во синџирот кој што се вика оданочување со данок на додадена вредност. Сите ние ќе ги почувствуваме последиците од носењето на законот кој што претходно беше донесен во декември месец во Собранието“, појасни Анастасија Илиевска при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Таа додаде дека на сите производи освен оние кои што ќе бидат во категоријата основни прехранбени производи ќе им биде зголемена даночната стапка.
„Во тој момент се зборуваше за производи околу 3.000 кои што се изготвуваа, па за две недели ќе биде листата готова, па за еден месец, па за месец ипол, па се изработува итн. И тоа така беше се до повлекување на тие трите пакет закони од даночната реформа, а меѓу нив и законот за додадена вредност поточно измените на тој закон во делот на даночната стапка на данокот на додадена вредност. Поточно сега не станува збор за луксузни производи поради тоа што оцениле од Владата дека многу бомбастично звучи терминот туку станува збор за оданочување на сите прехранбени производи со повисока стапка од 5% која што е постоечка, а само основните производи ќе бидат оданочени по таа повластена даночна стапка од 5%“, рече Илиеска.
Илиеска посочи дека само основните производи ќе имаат даночна стапка, ќе имаат данок во цената нивна која што и сега граѓаните ја плаќаат при купувањето, а сите останати производи кои не се во група на основни производи ќе имаат повисока даночна стапка од 10%.
„Грижата на една Влада е како да стимулира некаква појава или како да ги мотивира граѓаните на некоја активност или дејност, а исто така и компаниите. Владата треба да има стратегија, ние лани слушнавме дека министерство за финансии донело некаква стратегија, но јас не сум сигурна дека сме конзистентни и постојани на таа стратегија. Заради тоа што реформата е тргни – застани, цело време имаме ретерирање на носење на некакви даноци, даночни системи, измени во даноците, па потоа враќање на старо бидејќи се увидело дека нештото не функционира. Значи кога сакате да се грижите за граѓаните вие им олеснувате со тоа што ја намалувате даночната стапка. Значи државата поточно Владата се откажува од одредени приходи кои што ги собира од даноците се со цел на одредена категорија на граѓани да им го олесни животот или да ги стимулира на нешто“, појасни Илиеска.
Илиеска нагласи дека владата го укина квалитетниот живот на граѓаните со овој предлог закон.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Пет лица загинаа во руски ракетен напад во Покровск, Украина

Следно

Мануел Нојер направи нова операција

Latest from Blog

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност
Go toTop