„Играта не заврши, сега се игра на теренот на ЕФ“ – Вреди ја прашува опозицијата колку се сигурни во нивните пратеници

May 14, 2025
1 min read

Со излегувањето на АА со своите 5 пратеници во опозиција, коалицијата ВРЕДИ во Собранието  од 14 пратеници сега остана со 9. Од друга страна, 22 албански пратеници се во опозиција. Прашањето за легитимитетот повторно се враќа во политичкиот дискурс. Зм.претседателот на Владата и еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, запрашан за намалувањето на бројот на пратеници, изјави дека играта сега почнува и дека ќе се игра на теренот на Европскиот фронт.

„Што се однесува до пратениците, мислам дека играта не е завршена. Играта почна. Доколку некој мисли дека со заминувањето на г. Таравари играта е завршена, тогаш ќе видиме понатаму – оваа игра ќе продолжи и ќе се игра на теренот на Европскиот фронт. Тоа е она што можам да го кажам. Ние сме посветени секојдневно на реализацијата на програмата, на ветувањата и сме блиску до нашите граѓани“, вели Изет Меџити.

И потпретседателот на движењето БЕСА – дел од ВРЕДИ, министерот Фатмир Лимани, оди чекор понатаму, поставувајќи прашање до опозиционерите – Колку се сигурни во своите пратеници?

„Колку се сигурни тие дека ги имаат сигурни тие пратеници што ги имаа до вчера?“

Прашањето за легитимитетот на застапување на Албанците во Собранието го спомена и потпретседателот на АА на Таравари, Назим Таипи, во емисијата Дејли Клик.

„Ако се претворат во проценти, тоа е помалку од една третина застапеност на Албанците во оваа Влада. Ако го земеме предвид и Бадентеровото прашање, сигурно нема да имаат кворум за да изгласаат одредени закони“, вели Назим Таипи.

Понатаму, Таипи појасни дека ќе ги поддржат законите кои се во интерес на заедниците, но не исклучува координација со други опозициски пратеници. Тој потврди дека АА ќе формира своја пратеничка група и дека нема да се приклучи на Европскиот фронт. Запрашана за можната соработка меѓу Фронтот и АА во Собранието, потпретседателката на ДУИ, Арбана Пашоли, рече дека тоа ќе се дознае подоцна.

„Го поздравивме нивниот чекор што се однесува до нивното делување и тоа што се докажа дека Албанците се маргинализирани и нивните потреби не се исполнети во оваа Влада. Како ќе продолжи соработката понатаму – ние сме опозиција, тие исто така ќе делуваат како опозиција во иднина. Верувам дека времето ќе покаже“, вели Арбана Пашоли.

Сите овие прашања се отвораат откако Алијансата за Албанците на Таравари реши да ја напушти Владата, иако немаа поминато ни една цела година во власт како дел од коалицијата ВРЕДИ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

Следно

Трамп го отфрли барањето на Нетанјаху за продолжување на санкциите кон Сирија

Latest from Blog

Работилница за гондола на Пелистер – Коњановски го поздрави учеството на домашни и странски експерти

Денеска се одржа 2-та работилница за изработка на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер. Се обрати и ги поздрави присутните градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој кажа дека ова е

Божиновска: Македонија забрзува кон зелена и праведна енергетска транзиција

Македонија има јасен план, силна институционална координација и конкретни чекори за забрзување на зелената транзиција, беше истакнато на денешниот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP). Министерката за енергетика,

Мицкоски: Предметите без кривично дело и докази мора да се затворат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека новиот државен јавен обвинител веднаш да пристапи кон расчистување на сите предмети и документи што со години стоеле во фиоките без разрешница. Тој вели дека предметите
Go toTop