Иџе ја заврши сезоната како најдобар во својата група: Македонија, ова е за тебе (Фото)

September 16, 2024
1 min read

Во сезоната која самиот тој ја означи како период во кој ќе треба да го учи новиот автомобил и да се привикне на перформансите на своето Ферари, Игор Стефановски Иџе оствари нов голем успех во Европскиот шампионат на ридски патеки, завршувајќи прв во Групата 1 во која се натпреваруваше.

Трикратниот европски шампион овојпат не можеше да се бори за првото место во севкупниот генерален пласман, но затоа беше најдобар во својата група и уште еднаш потврди дека е вистински мајстор за тркање на ридски предели.

Традиционално, сезоната во Европскиот шампионат заврши со трката во Бузет, Хрватска, каде Иџе изминатиов викенд го освои третото место.

Facebook / Igor Idze Stefanovski

Иако имаше одредени проблеми, Иџе беше навистина константен со своето Ферари и освои и прво место во Германија, па сето тоа направи да има најмногу бодови во својата група, успех кој самиот реши да го сподели со цела Македонија.

– Македонија, ова е за тебе! Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на цела Македонија! Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат, до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна подршка во сето ова, – порача Иџе.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тајфунот Бебинца го погоди Шангај, раселени повеќе од 400.000 жители

Следно

Експлозија во Келн, во тек e полициска акција

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop