Ибрахими: Во ВМРО-ДПМНЕ има расположение за уставни измени, тие ќе се случат!

October 28, 2024
1 min read

„Уставните измени се најжешката тема на оваа власт затоа што имаме антагонизам, имаме партија која е дојдена на власт велејќи дека нема да ги спроведе уставните измени и имаме албанскиот политички дела од друга страна која има политичка цел да се спроведат истите. Во оваа состојба во која се наоѓаме ние се обидуваме да го направиме она што е во интерес на Албанците, но не само на Албанците, но и на нашите западни сојузници“.

Вака зборуваше Зекирија Ибрахими, претседателот на Алтернатива вечерва на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој рече дека кај ВМРО-ДПМНЕ има интерес за спроведување на уставните измени.

„Од информациите кои ги имам јас, а се сметам за добро информирам од причина што го имаме Министерот за евроинтеграции кој доаѓа од редовите на Алтернатива, Господинот Орхан Муртезани, има огромен интерес тие измени да се направат многу брзо. Ова „многу брзо“ може да биде прашање на месеците на крајот од годината или почетокот на другата и тоа што е побарано од нашите сојузници на самитот во Берлин и на средбата со Фон дер Лајен во Скопје е како да се најде решение за по спроведувањето на уставните измени, да нема повеќе случаи каде може да се блокира земјата на патот на европските интеграции“, рече Ибрахими.

ТВ21: Објаснете малку, велите има огромно расположение, кај кого, кај ВМРО?

Ибрахими: Во ВМРО. Значи ВМРО нема проблем со спроведувањето на уставните измени затоа што на сите средни со нашите западни сојузници е речено дека не може да се направи ниту еден чекор кон европските интеграции доколку не се спроведат уставните измени. На ВМРО ова им е јасно, затоа што ова не е став на Бугарија, туку на сите земји членки на Европската Унија. И проблемот на ВМРО е сега, во ред, доколку ги направиме уставните измени која е гаранцијата дека нема да има понатамошни вета.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанецот Родри официјално е освојувач на „Златната топка“

Следно

РК Алкалоид ги дозна можните противници за 1/16 финалето на ЕХФ Купот

Latest from Blog

Мерц со предупредување: Веќе не постои светскиот поредок заснован на право и правила

Тој на отворањето на Минхенската безбедносна конференција рече дека Конференцијата отсекогаш била „сеизмограф на политичката ситуација“ и додаде дека во последните години сме сведоци на зголемени тензии и конфликти во светот, вклучително

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева
Go toTop