И вечерва забава за сите генерации кај „Авионче“ во Аеродром

December 27, 2023
1 min read

Во годината во која ги исполнивме желбите и заложбите за поубава, почиста и позелена општина, празничната атмосфера ја надополнуваме со „Новогодишната бајка“, која од 25-27 декември се одржува во паркот „Авион“. На мое задоволство, новогодишната магија во Аеродром е збогатена со традиционален и празничен настан посветен на виното, храната и водата, порача денеска првиот човек на општина Аеродром Тимчо Муцунски. 

Вели дека, на ваков начин внесуваат ведрина и среќа во секојдневното живеење, инспирираат и поттикнуваат радост во Аеродром.

„Новогодишна бајка“ се организира со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Град Скопје.

Во рамки на тридневната програма, дечињата се забавуваат со жонглери, маскоти и Дедо Мраз, а како и со домашните музички изведувачи.

– Пред нас е година на многу капитални и инфраструктурни проекти. Додека ги одбројуваме последните денови од 2023 година, ве поканувам да уживаме во „Новогодишната Бајка“, и во празничното украсување во Аеродром, порача Муцунски. 

Вечерва на програмата се: 

18:00 Тамара Волчевска

19:20 Таско

21:30 Тони Зен

За најмалите од 18:00 часот ќе бидат достапни за забава и анимација: Дедо Мраз, Мики и Мини Маус, Paw Patrol, Eлса и Мињони. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митева: 100 унапредувања преку интерни огласи, СДС и ДУИ вршат изборен поткуп и одолжување кон партиски активисти

Следно

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop