И стратегијата за настап на изборите била на вчерашното мени на заедничкиот ручек на Ковачевски, Заев и Ахмети

January 19, 2024
1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски и актуелен лидер на СДСМ, лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев на денешната заедничка средба во Скопје, како што дознава МИА, разговарале за дефинирање на стратегијата за настап на изборите и за сите опции на европскиот фронт.

Извори за МИА посочуваат дека е разговарано за заеднички пристап кон европската опција од која нема отстапки и дека е дефинирана насоката за конкретна стратегија за очекуваната успешност.

Нема прецизни информации и детали за разговорите, но нашите извори велат дека под конструктивен пристап се подразбира и опција за заеднички настап и за консензуален претседателски кадидат на претстојните избори.

На четиричасовниот ручек биле отворени сите опции за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Премиерот Ковачевски во изјава за телевизија 21 ја потврди средбата.

-Разговаравме за европските перспективи на Северна Македонија, кратко одговори премиерот.

Средбата, како што претходно брифираа извори од СДСМ за МИА, поминала во конструктивна и позитивна атмосфера.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисијата Ax-3 лансирана кон Меѓународната вселенска станица, во која е и првиот турски астронаут Гезеравџи

Следно

Посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop