И Србија под закана на ново невреме: МВР издаде предупредување и совети до граѓаните

July 21, 2023
1 min read

На граѓаните не им се препорачува да се движат со чадори или други метални предмети во рацете, а се апелира да не бидат во близина на згради, високи дрвја, кабли итн.

Фотографии од невремето кое ја погоди Србија пред два дена / Фото: Принтскрин / Твитер

Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија, врз основа на прогнозите од Републичкиот хидрометеоролошки завод за вечерва и утре, издаде предупредување до граѓаните за силно невреме проследено со ветрови и обилни врнежи, удари од гром и можност за паѓање град.

Се апелира до граѓаните да се придржуваат до пропишаните мерки, односно да ги отстранат сите предмети кои би можеле да паднат од силниот ветар и да предизвикаат материјална штета или да повредат некого.

Се предупредуваат граѓаните и да ги затворат сите врати, како и да избегнат контакт со чешмите во кујните и бањите, радијаторите и други метални предмети.

Доколку граѓаните се најдат на отворено, МВР порачува дека е потребно да не бидат во близина на дрва и високи објекти за да се избегне опасноста да бидат повредени.

„Важно е да се избегнуваат високи конструкции – високи дрвја, огради, телефонски кабли и електрични водови. Потребно е да се скриете во зграда или автомобил, а доколку тоа не е можно, седнете на земја и избегнувајте стоење во близина на згради“,

гласи дел од предупредувањето.

За оние кои се наоѓаат во шума, препорачливо е да застанат под ниски дрвја, а не под високи и дрвја кои се „осамени“ односно на отворено.

На граѓаните не им се препорачува да се движат со чадори или други метални предмети во рацете.

Невремето се очекува во доцните попладневни часови односно вечерва да ја зафати Србија, откако во Хрватска веќе остава пустош зад себе. Силни штети претходно во текот на денот беа направени и во Италија.

Пред два дена, и Србија и Хрватска беа погодени од силно невреме кои направи огромни материјални штети. Хрватските власти регистрираа и четири човечки жртви, а по една беше регистрирана и во Словенија и во Босна и Херцеговина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кој дозволува странски кустоси на наши локалитети на туристите да им раскажуваат нивна верзија на историјата?

Следно

Давор Здравковски е нов фудбалер на шкотскиот Мадервел

Latest from Blog

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на

Адвокатот Миланов за случајот Пулс: Постапката треба да запре за лицата кои не биле присутни и не биле на должност таа вечер

Родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска побараа да се проверат наводите дека еден од обвинетите, кој се наоѓа во притвор во затворот во Скопје, преку телефон вршел
Go toTop