И покрај тешкиот живот на граѓаните – Мицкоски е задоволен, очекува економски раст од над 4%

May 16, 2025
1 min read

Додека голем дел од граѓаните мака мачат со високите трошоци и нискиот животен стандард, премиерот Христијан Мицкоски смета дека економијата оди во нагорна линија. Во првиот квартал од 2025 година, тој најавува економски раст од најмалку 4%, со можност тој да биде и повисок.

„Јас сум математичар и сакам да зборувам преку бројки, а бројките покажуваат дека сме на добар пат“, изјави Мицкоски во интервју за Euronews, осврнувајќи се на економската состојба.

Светската банка во своите априлски проекции за 2025 година предупреди дека македонската економија се соочува со „структурна ранливост“, бавна реализација на капитални инвестиции и голема зависност од увоз. Според нив, проектираниот раст за целата година е околу 2,5 проценти, со ризици од политичка нестабилност, слабост во правната држава и неефикасна јавна администрација.

Мицкоски, пак, зборува за „исклучителни перформанси“ и за тоа дека земјата „е пред сите други“. Такви тврдења не се поткрепени со официјални квартални податоци од Државниот завод за статистика, а уште помалку со макроекономски индикатори како индустриско производство, трговски биланс и инфлација. Всушност, индустриското производство во февруари годинава забележа пад од 2,1%, додека цените на храната и понатаму притискаат врз буџетите на граѓаните.

Додека премиерот зборува за „идни напори“ и „потенцијал“, фактичката слика покажува дека македонската економија се соочува со хронична недоверба од странските инвеститори, одлив на млади кадри и неусогласеност меѓу образованието и пазарот на трудот – прашања кои ретко се адресираат со конкретни решенија.

Премиерот потсети дека во 2024 година, Македонија забележала 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции, што, како што рече, ја прави земјата лидер во Европа по инвестиции по глава на жител. Тој подвлече дека токму странските инвестиции се еден од главните двигатели на растот.

Иако призна дека народот живее тешко, Мицкоски нагласи дека „се враќа надежта“ и дека состојбата е значително подобра отколку пред една година. Според него, токму овие мали, но значајни поместувања се сигнал дека економијата се стабилизира.

Според официјалните податоци, инфлацијата во март 2025 година е 2,7% на годишно и 1,3% на месечно ниво – што се толкува како дефлација. Во април инфлацијата се движела околу 2,6%, со месечна стапка од 0,6%.

Платите, пак, според премиерот, бележат раст од 9 до 10% на годишно ниво. Светската банка прогнозираше БДП од 1,8% за 2024 година, но според Мицкоски, поради силните перформанси во последните два квартали, реалниот раст бил 2,8%.

Мицкоски уверува дека економските резултати се стабилни и во нагорен тренд. Дали граѓаните тоа го чувствуваат во своите паричници е веќе друго прашање. Но, премиерот останува оптимист – уверува дека бројките не лажат.

Иако не е невообичаено политичарите да користат оптимистички тонови во јавни настапи, разликата меѓу зборовите и реалноста станува сè поочигледна. Граѓаните не живеат од индикатори и форуми, туку од своите плати, сметки и секојдневни трошоци. А таму, економскиот раст од 4 проценти сè уште не се гледа.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад

Следно

Во Белград се отвора Македонскиот КИЦ

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop