И покрај спротивставувањето на Нетанјаху, израелскиот министер Ганц ја посети Велика Британија

March 7, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ/КУДС (АА) – Министерот од воениот кабинет на Израел, Бени Ганц, денес заврши со посетата на Велика Британија, посета која не беше одобрена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу.

„Само што ја завршив мојата посета на Велика Британија каде што се сретнав со премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, министерот за надворешни работи Дејвид Камерон и советникот за национална безбедност Тим Бароу“, напиша Ганц на социјалната мрежа X.

„Им повторив дека Израел ќе дозволи хуманитарно решение за помош на народот во Газа кое нема да ја содржи контролата на Хамас врз Газа. Решение што ќе овозможи завршување на праведните и неопходните цели на оваа војна за разбивање на Хамас, во целосна согласност со меѓународното право“, додаде тој.

Ганц пристигна во Лондон од Вашингтон, каде што имаше разговори со заменик-претседателката Камала Харис, државниот секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и министерот за одбрана Лојд Остин.

На неговите патувања се спротивстави Нетанјаху, кој им нареди на израелските амбасади во Вашингтон и Лондон да не помагаат во посетите на Ганц на кој било начин.

„Израел има само еден премиер“, рече Нетанјаху, цитиран од израелските медиуми за посетите на Ганц.

Израел ја продолжи својата смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа, веќе 153 ден, по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив соопшти дека загинале речиси 1.200 луѓе.

Најмалку 30.800 Палестинци загинаа и речиси 73.000 се повредени во нападите на израелските сили од 7 октомври.

Израел, исто така, воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел пред Меѓународниот суд на правдата е обвинет за геноцид. Со привремената пресуда донесена во јануари, на Тел Авив му е наложено да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да обезбеди давање хуманитарна помош на цивилите во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судскиот совет со иницијатива пред Уставен

Следно

„Млад франкофонски парламент“

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop