И покрај предупредувањата, владеачкото мнозинство во Собранието го ратификуваше Договорот со Обединетото Кралство потпишан со непостоечка функција

May 28, 2025
1 min read

Собранието попладнево (28.05.2025 г.) го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.

Гласаа 82 пратеника, од нив 76 гласаа ЗА, а 6 против, воздржани немаше.

И покрај предупредувањата, владеачкото мнозинство во Собранието го ратификуваше Договорот со Обединетото Кралство потпишан со непостоечка функција. Во верзијата на договорот на англиски јазик, како што е поставен на веб-страницата на Собранието, наместо потпретседател на Владата, потписот на Александар Николоски стои под функцијата потпретседател на Република Северна Македонија. Според опозицијата тоа го прави договорот ништовен, а според власта тоа е само техничка грешка. Во верзијата на македонски јазик, функцијата на Николоски е точно напишана.

Принтскрин од копија од договорот каде што стојат потписите на верзијата на англиски јазик

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, претходно на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека заемите што ќе произлезат од договорот со Велика Британија нема да бидат врз основа на македонскиот кредитен рејтинг, туку на британскиот и тоа ќе овозможи каматни стапки пониски од 4,5 отсто.

Иако Мицкоски рече дека каматната стапка ќе биде пониска затоа што „ние го користиме кредитниот рејтинг од Обединетото Кралство, кој ќе биде ААА“, се чини дека тоа не е сосема точно. Имено, по референдумот за излез од Европската унија, кредитниот рејтинг на Обединетото Кралство агенциите го намалија на АА.

Договорот за партнерство за финансирање на инфраструктурни проекти беше потпишан на 22 мај 2025 година во Лондон, како дел од пошироките напори за зајакнување на соработката меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство во областите на енергетика, здравство, дигитална трансформација и критична инфраструктура. Тој е логично продолжение на веќе воспоставени билатерални договори за стратешко партнерство, трговија, одбрана и безбедност.

Анексот А на договорот вклучува реконструкција на болници во неколку региони, изградба на брза железница долж Коридорот 10, развој на Коридорот 8, дигитализација на јавната администрација и зајакнување на енергетските капацитети. Но, нема конкретни детали за ниту еден проект.

Финансирањето ќе се обезбедува преку британскиот инструмент UK Export Finance (UKEF), со лимит од 5 милијарди фунти. Средствата ќе бидат распределувани поединечно и условено, врз основа на правна и финансиска проверка на секој проект.

Договорот нема правно обврзувачки карактер и не предвидува судска или арбитражна разрешница за можни спорови. Се смета за политичка рамка, базирана на меѓусебни консултации.

Договорот ќе важи 10 години, со можност за раскинување со писмено известување 60 дена однапред. Прекинувањето нема да влијае врз веќе започнатите проекти.

За неговото спроведување ќе бидат одговорни пет министерства: за транспорт, здравство, енергетика, дигитална трансформација и надворешни работи и трговија.

Преземено од Мета.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори

Следно

Ивановски: Новата пруга Скопје – Гевгелија ќе се гради по меѓународните ФИДИК правила

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop