И оваа година Тетово нема да биде украсено – Касами не троши на работи што не се потребни

December 24, 2023
1 min read

реклама


 Оваа година Тетово е штуро, без украси за празниците.

Како и во последните две години, општината нема да одвои ниту денар за разубавување на градот.

реклама

На некои од тетовци не им се допаѓа градот во оваа состојба на прагот на Новата Година, а некои се согласуваат со одлуката на општината.

„Градоначалникот на општината ги прави тие работи, треба да се направи но и не треба“.

реклама

„Да, треба“.

„Тој оди по религијата, не оди против религијата, тој го знае редот“.

реклама

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами вели дека се додека градот има проблеми со водата за пиење, отпадот и инфраструктурата, нема да одвојува средства за украсување.

„Додека не успееме финансиски да го стабилизираме градот, додека не ги изменаџираме основните обврски на општината поврзани со одржувањето на јавните објекти, чистењето на градот, снабдувањето со доволно вода за градот, регулирањето на основната инфраструктура, ние нема да трошиме средства за нешта кои секако се важни за градот, но не се неопходни“, вели Касами.

Доаѓањето на иселениците и забавите во некои кафеани ќе биде единствениот знак дека во Тетово се пречекува 2024 година.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Татко му се заканувал на сопствениот син дека ќе го убие, па завршил во притвор

Следно

Шпанскиот амбасадор нѐ утеши дека и други земји може да ни стават вето

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи
Go toTop