И ги запалил станот и куќата на поранешната партнерка во Скопје, а потоа и се јавил да и каже!

May 3, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 2 мај во утринските часови, во викенд – куќа во селото Катланово и во стан во зграда во Скопје, кои се во сопственост на неговата сопруга со која биле разделени и со која водел бракоразводна постапка, со пожар предизвикал значителна опасност за животот на луѓето.

Иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетната последица, се согласил со нејзиното настапување и откако еден ден претходно телефонски се заканувал на оштетената и на нивниот син, на критичниот ден со бензин предизвикал пожар најпрво пред влезната врата на викенд-куќата.

Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата, а потоа осомничениот се упатил кон Скопје и на сличен начин предизвикал пожар пред влезната врата на станот.

Откако ги сторил делата, ја известил оштетената дека ги опожарил двата објекти. Таа јавила на соседи во зградата кои почнале веднаш да го гасат и спречиле пожарот да се прошири кон другите станови од зградата.

Ценејќи дека околностите под кои е извршено кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот се одликуваат со изразита пресметаност и висок степен на кривична одговорност, како и дека постои реална опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АВМУ: Вештачката интелигенција носи нови предизвици за слободата на медиумите

Следно

Фотографија од Трамп како папа, генерирана со вештачка интелигенција, споделена на официјалниот профил

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,
Go toTop