И денеска „Марш за ангелите“ во Кочани за болката и за борбата за правда и за фаталната реакција на институциите

July 19, 2025
1 min read

Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица помеѓу кои шест деца, вечер ќе го одржи 15. Марш на ангелите – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе почне во 18.5 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата. 

– Четири месеци по најголемата трагедија во поновата историја на нашата држава, ние, родителите и семејствата на трагично починатите деца, Ве известуваме дека 19.07.2025 година ќе се одржи петнаесетиот Марш на ангелите – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе започне во 18:05 часот – време што симболично ја претставува задоцнетата и за жал, фатална институционална реакција. Ве повикуваме со отворено срце да ни се придружите – да маршираме заедно во тишина, тишина која симболизира гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори – ниту за едно дете, ниту за една мајка, се наведува во соопштението на  Здружение на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани.

Кривичниот суд вчера соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води понатамошниот дел од постапката.

Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.

Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Во пожарот што се случи на 16 март, годинава животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, а над 200 беа повредени. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: Речиси 80.000 луѓе раселени поради насилството во јужна Сирија

Следно

„Гласоечкото пеење Долни Полог” и орото „Копачка“ од Делчево, впишани како културни добра на УНЕСКО, ќе се претстават во Хрватска

Latest from Blog

Фото: Сидни Свини како од мајка родена

Актерката Сидни Свини моментално ужива голема популарност. Нејзиниот физички изглед често е предмет на внимание од јавноста, особено нејзините бујни гради кои секогаш го привлекуваат вниманието на мажите. Во инат на хејтерите

Новата политичка клетва е : ДА ДАДЕ ГОСПОД ДА ТРАЕТЕ КОЛКУ БУГАРСКА ВЛАДА

Бугарија ќе оди на седми парламентарни избори за последните 5 години. Падна владата во Бугарија – притисокот од протестите и буџетскиот крах го урнаа Жељазков. Бугарскиот премиер денеска даде оставка, откако опозицијата

Мицкоски утре на поставување на камен темелник на нова спортска сала во Колешино, Ново Село

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во општина Ново Село. -Ве известуваме дека утре 12.12.2025

ПАДНА БУГАРСКА ВЛАДА: „Младите и старите го кренаа гласот за наша оставка“

Владата во Бугарија падна по бројните протести поради законот за буџетот. „Владата поднесе оставка. Нашата коалиција се состана и разговараше за моменталната состојба, како и за одлуките што треба да ги донесеме.
Go toTop