И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ – уништени 110 килограми небезбедна храна!

February 2, 2025
1 min read

Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведените 43 вонредни инспекциски надзори. Цел на вонредните контроли во кујните беше контрола дали кујните се регистрирани како оператори со храна, дали и колку ги исполнуваат општите и посебните барања за хигиена, барањата за безбеднсот кои се однесуваат на вработените лица во кујните, примената на правилата за Добра хигиенска пракса и Добра производствена пракса и НАССР процедурите, следливоста, потеклото на суровини, манипулацијата со храна и исполнувањето на микробиолошките критериуми на храната.

Со контролите утврдено е дека 5 кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, 4 не ги задоволувале техничките барања за безбедност, односно утврдени се оштетувања на просториите каде се подготвува храна. 8 од кујните не ги задоволувале барањата за Добра хигиенска и Добра производствена пракса како барања за безбедност на храната.

За утврдените недоследности – нехигиена, наталожени маснотии во кујната, неводење на записи, несоодветно одржување на опремата, оштетени ѕидни и подни површини, немање сопствен план за анализа на храна, незавршен курс по хигиена на храна од страна на вработените лица, односно непоседување на сертификати за оваа законска обврска, утврдени нерегистрирани оператори со храна и друго, донесени се 15 решенија со наредби за отстранување на констатираните недоследности и изречени се 5 парични казни.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Листите на чекање растат, а лекови нема

Следно

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop