Хутите во знак на солидарност кон Хамас повторно истрелале балистички ракети во Црвеното Море

January 3, 2024
1 min read

Последните напади на Хутите доаѓаат откако групата поддржана од Иран го осуди убиството на високиот лидер на Хамас Салех Ал Арури во нападот во Либан, нарекувајќи го кукавичко злосторство

Иранските хути, кои контролираат голем дел од Јемен, со недели ја попречуваат светската трговија со напаѓање бродови што минуваат низ Теснецот Баб ал-Мандаб во јужниот дел на Црвеното Море, што, како што велат, е одговор на војната во Газа

Јеменските бунтовници Хути истрелале две противбродски балистички ракети во јужниот дел на Црвеното Море во вторникот вечерта, соопшти денеска Централната команда на Соединетите држави (ЦЕНТКОМ), пренесува Си-ен-ен.

Фото: EPA-EFE/HOUTHIS MEDIA CENTER / HANDOUT EDITORIAL

Ова е последен од десетиците напади на Хутите врз комерцијални бродови од 7 октомври, па досега.

Според Хутите, со овие напади покажуваат солидарност со Хамас.

„Повеќе комерцијални бродови во областа го пријавија ударот, иако никој не пријави никаква штета“, соопшти ЦЕТКОМ,

додавајќи дека нападите ги загрозиле животите на невините морнари, но се нарушува слободниот проток на меѓународната трговија.

Последните напади на Хутите доаѓаат откако групата поддржана од Иран го осуди убиството на високиот лидер на Хамас Салех Ал Арури во нападот во Либан, нарекувајќи го кукавичко злосторство.

Со овие напади, Хутите, зразуваат и поддршка за одмазда против Израел.

Израел не презеде одговорност за нападот во Бејрут, со што, според анализите ги зголемува стравувањата за потенцијална ескалација на борбите во регионот.

Црвеното Море е една од најважните светски поморски трговски патишта, а нападите на Хутите само може да ја нарушат глобалната економија.

Иранските хути, кои контролираат голем дел од Јемен, со недели ја попречуваат светската трговија со напаѓање бродови што минуваат низ Теснецот Баб ал-Мандаб во јужниот дел на Црвеното Море, што, како што велат, е одговор на војната во Газа.

САД распореди воени бродови на водниот пат и минатиот месец ја започнаа операцијата „Просперитет Гардијан“, мултинационална поморска коалиција, за зајакнување на безбедноста на критичната глобална бродска лента.

Советот за безбедност на ОН денеска треба да одржи состанок за одржување на меѓународниот мир и безбедност, на кој француските дипломати рекоа дека ќе се разговара за нападите на Хутите во Црвеното Море. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје стапуваат на сила мерките и препораките за екстремното загадување на воздухот

Следно

И вечерва ќе има музика на плоштад „Македонија“ – еве кој настапува

Latest from Blog

ФФМ избра: Гоце Седлоски ќе ја предводи македонската репрезентација

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

ТРАГИЧНА СУДБИНА НА АКТЕРОТ ЏЕЈМС РЕНСОН Си го одзел животот по години борба со зависност и трауми од детството

Светските медиуми јавуваат за смртта на американскиот актер Џејмс Ренсон, кој извршил самоубиство со бесење. Веста првично ја објави TMZ, а подоцна беше потврдена и од Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот

Сѐ повеќе луѓе ги минуваат празниците сами! Празничните очекувања водат до стрес и традициите се менуваат

Големите семејни собири, обемните подготовки, празничните патувања и купувањето подароци можат драматично да го зголемат нивото на стрес. Но, сѐ поголем број луѓе почнуваат да се прашуваат дали навистина мора да биде

Граничните премини кон Грција ќе бидат отворени за КАТОЛИЧКИ БОЖИК И ЗА НОВА ГОДИНА

Граничните премини кон Грција ќе бидат отворени за патниците за време на католичкиот Божик и за Нова година, информираа грчките медиуми откако земјоделците одлучија да направат пауза и да им овозможат на

Винисиус влезе во војна со навивачите: По свирежите на „Бернабеу“ ја смени сликата од Реал на Инстаграм

Реал славеше на последниот натпревар против Севиља со 2-0 на домашен терен, но главната приказна на натпреварот беше исвиркувањето на бразилскиот напаѓач Винисиус од домашните навивачи. Вини беше капитен на натпреварот против
Go toTop