Хуманитарни предновогодишни настани за децата на Детската клиника

December 21, 2024
1 min read

На Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје денеска ќе се одржат два предновогодишни настани.

Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, со почеток во 10:30 часот ќе организира показна вежба со наслов „Да подариме насмевка“ за сите хоспитализирани деца на Клиниката.

Членовите на Тимот маскирани во костими на омилените супер херои од цртаните филмови, ќе се спуштаат по јаже и ќе им поделат новогодишни подароци на децата.

Станува збор за традиционална манифестација што секоја година се одржува во пресрет на новогодишните празници.

Во меѓувреме, во 11 часот, од последната автобуска станица број 5 во населбата Лисиче ќе почне хуманитарната поворка „АТВ/УТВ Дедомразовци“. Конвојот со мотори четирицикли ќе се движи низ Ново Лисиче, Аеродром и Центар, за да стигне до Детската клиника, каде што ќе им подели новогодишни пакетчиња на дечињата од Детската клиника.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството ја истражува смртта на професорот Сашо Кожухаров кој беше пронајден во водите на Црна Река

Следно

Во Собранието ќе биде доделена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop