Хуманитарна акција за помош на жителите на Карпош

April 11, 2023
1 min read

Општина Карпош во пресрет на Велигденските празници на граѓаните кои се наоѓаат во потешка материјална состојба им подели 115 хуманитарни пакети со прехранбени средства, кондиторски производи и средства за хигиена.

-Во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита при Општина Карпош, се одржа триесеттата по ред хуманитарна акција, за помош на жителите од локалната самоуправа кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. Кон оваа традиционална иницијатива во пресрет на Велигденските празници се приклучија вработените од Општината, децата, воспитниот и наставниот кадар од градинките и училиштата на територија на Карпош кои донираа прехранбени средства, кондиторски производи и средства за хигиена, кои ќе бидат добредојдени во социјално загрозените семејства, соопшти локалната самоуправа.

Од собраните донации, како што посочуваат, беа направени 115 хуманитарни пакети, кои денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски им ги подели на граѓаните од оваа ранлива категорија.

-Во оваа пригода би сакал да ви го честитам претстојниот христијански празник Велигден и воедно ви посакувам многу здравје и успех. Инаку, оваа акција ја практикуваме двапати во годината, во пресрет на Божиќните и Велигденските празници. Покрај тоа што Општината ќе биде секогаш тука за вас, искрено се надевам дека ситуацијата во која се наоѓате ќе биде од времен карактер, посочи Јакимовски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве како изгледа Турција два месеци по разорниот земјотрес – таму се гради на големо, се знае кога се ќе биде готово! (ФОТО)

Следно

Апсолутниот победник на Оскарите, „Се во исто време“ вечерва во Кинотека

Latest from Blog

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од
Go toTop