Хрватската полиција испратила предупредувачко писмо до грчките колеги, ама никој не го отворил

August 9, 2023
1 min read

Од оперативниот центар на Генералниот директорат на полицијата постојано се јавувале во подрачните служби и прашувале дали Хрватите поминале, но некои од нив ниту го отвориле документот за да знаат зошто се поставува вакво прашање ниту знаеле кои се Хрватите и зошто доаѓаат во Грција

Претседателот на Југоисточниот полициски синдикат на Атика, Јоргос Калиакманис, во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ информира дека неговите колеги направиле низа грешки и не го спречиле судирот меѓу навивачите на АЕК.

„Еден млад човек го загуби животот. Нема оправдување! За влезот на тие луѓе во Грција имало документ од хрватските власти и од црногорските власти во кој се вели дека овие конкретни криминалци ќе влезат во земјата и ќе се обидат да стигнат во Атина и да предизвикаат инциденти“,

вели Калиакманис.

Јоргос Калиакманис
претседател на Југоисточниот полициски синдикат на Атика

Во документот, како што нагласува тој, биле напишани и марката на автомобилите и нивните регистарски броеви. Вели дека полицијата многу лесно можела да им забрани на овие лица да влезат во Грција, иако се европски државјани кои доаѓаат од шенген-држава.

Калиакманис ја разбира огорченоста на министерот за внатрешни работи и на шефот на грчката полиција, велејќи дека и тој самиот е револтиран бидејќи некои полицајци можеле така детски и небрежно да се однесуваат кон информациите кои ги имале на располагање.

Според него, од оперативниот центар на Генералниот директорат на полицијата постојано се јавувале во подрачните служби и прашувале дали Хрватите поминале, но некои од нив ниту го отвориле документот за да знаат зошто се поставува вакво прашање ниту знаеле кои се Хрватите и зошто доаѓаат во Грција.

„Некои не ни знаеја за документот. Не го имаат ниту прочитано. А, итниот, таен документ зборува за луѓе, за криминална организација. Па, ако беа турски националисти и влезеа на граница, дали ќе можеа да стигнат Владата? Ова е неприфатливо“,

вели тој во интервјуто за ЕРТ.

.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белград: Средба на Брнабиќ со британскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Пич

Следно

ИРНА: Амбасадата на Саудиска Арабија продолжи со работа во Техеран по седум години

Latest from Blog

ОВАА ЖЕНА ОТВОРЕНО ГО ПОТВРДИ она што Трамп и Нетанјаху го избегнуваа со недели

Разликата меѓу целите на САД и Израел во нападот врз Иран се чувствуваше уште од самиот почеток на операцијата, почна да излегува на површина со првите израелски напади врз иранските резервоари за

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. -Станува збор за исклучително тежок

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми
Go toTop