Хрватска: Се шири вирус на грип, регистриран прв смртен случај

January 4, 2023
1 min read

Во Хрватска е регистриран прв смртен случај од компликации од грип во Бродско-Посавската жупанија, каде неделно има повеќе од 200 заболени.

Станува збор за средовечен маж кој, како што се наведува, имал и многу други хронични заболувања, а починал на Одделот за инфективни болести на болницата во Славонски Брод.

Доктор Анте Читковиќ, директор на Институтот за јавно здравје во тој град, за ХРТ изјави дека мажот, роден 1958 година, не бил вакциниран против грип, дека со ПЦР тестот е потврден грип, што, како што рече, покажува дека грипот е сериозна и опасна болест.

Според последните податоци од пред две недели, сезонава во Хрватска се регистрирани 1.759 случаи на грип, а лекарите велат дека притисокот е голем и се повеќе граѓани бараат помош.

Инфектологот Горан Тешовиќ рече дека без оглед на клиничкото искуство, релативно е тешко да се разликува грипот од коронавирусот.

Тој вели дека во моментов не може да издвои некои специфични симптоми врз основа на кои би можел да каже дека се работи за грип или ковид.

Иако веќе две години немаше грип, Тешовиќ вели дека смета дека сега на организмот му е потешко да се избори со оваа болест.

– Она што сега го гледаме се вообичаените клинички слики, претежно кај децата. Главно кај децата од предучилишна и училишна возраст, кои имаат некомплицирана форма на грип. Затоа, не гледаме некои особено тешки клинички форми на грип. Првенствено, сè зависи од вирусот. Во овој момент барем кај нашите пациенти доминира грип од типот А, и тоа оној кој предизвикува полесна форма на болеста, вели доктор Тешовиќ.

Тој предупреди дека, како и минатата година, има пациенти кои имаат грип и Ковид во исто време.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЗР: Заштитата на културното наследство во нашата држава не е доволно ефикасна

Следно

Крајот на добата на санкциите

Latest from Blog

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на

Тоти минал низ вистински пекол по пензионирањето: „Се чувствував како да сум сам сред океан“

Легендата на Рома, Франческо Тоти, во интервју за „Кориере дела Сера“ зборуваше за тешкиот период по завршувањето на кариерата, загубата на татко му и можноста повторно да добие функција во римскиот клуб.

Македонската берза со неделен промет од 28,69 милиони денари, МБИ10 во пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 13.10.2026–16.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 28.692.314,25 денари: 28.651.436 денари со акции и 40.878,25 денари со обврзници на

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth

Проблем за ПСЖ: Еден од клучните фудбалери се повреди и нема да игра против Барселона

ПСЖ ќе биде ослабен за дуелот со Барселона во Лигата на шампионите, откако Нуно Мендеш заработи повреда на левиот бутен мускул и ќе отсуствува во наредните неколку недели. Португалскиот лев бек се
Go toTop