Хрватска го враќа задолжителниот воен рок од 2026 година

June 5, 2025
1 min read

– Во Хрватска задолжителната основна воена обука во траење од два месеца ќе започне во јануари 2026 година, а регрутите ќе добиваат по 1.100 евра месечно, соопшти хрватската новинска агенција ХИНА.

Лицата што поради верски или етички причини ќе побараат ослободување од воена служба, наместо тоа ќе минуваат тримесечна обука за цивилна заштита или четири месеци ќе работат во општински или градски институции, пет дена во неделата по осум часа дневно.

Министерот за одбрана Иван Анушиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили Тихомир Кундид вчера ги претставија клучните документи за повторното воведување на задолжителната воена служба, која беше укината во 2008 година.

Анушиќ најави дека измените на законот треба да бидат усвоени во парламентот во септември или октомври, по што ќе бидат испратени повици до околу 20.000 регрути кои ќе минат низ медицински прегледи.

Тој објасни дека поради променетата глобална геополитичка и безбедносна состојба, зачестените климатски катастрофи и слични предизвици, целта е младите да стекнат основни воени и кризни вештини, како и да се пополнат активните и резервните сили.

Првите регрути ќе пристигнат во касарните во јануари 2026 година. Воената обука ќе чини околу 20 милиони евра годишно, додека цивилната алтернатива ќе чини околу 15 милиони.

Според анкета на Министерството за одбрана спроведена на 12.000 лица, 62 отсто ја поддржуваат воведбата на обуката, а 67 отсто би се одѕвале на повик за служба.

Жените се ослободени од задолжителната служба, но можат доброволно да се пријават за основна воена обука.

Хрватските државјани се впишуваат во воениот регистар на 18-годишна возраст, а се повикуваат на обука во календарската година во која полнат 19 години. Воената и цивилната обука може да се одложат до 29-годишна возраст во случај лицето да е студент, а спортистите можат да добијат одложување од една година поради меѓународни натпревари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кога е вистинско време да се побара помош од логопед

Следно

Кузеска за Кочани – Власта организирано ги штити виновниците

Latest from Blog

Винодонија 2025 – Скопје повторно ќе пулсира во ритамот на виното

Винодонија 2025 – најпрестижниот вински настан во Македонија и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното. Деветтото издание на салонот ќе се одржи претстојниот викенд, сабота(20-ти) и недела (21-ви), од

Кризата на доверба во правдата доведе до прекинување на функцијата на јавниот обвинител

Коалицијата ВЛЕН оценува дека прекинувањето на функцијата на јавниот обвинител означува крај на период што предизвика длабока загуба на јавната доверба во Јавното обвинителство, велет во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ. Довербата

Македонија бележи силен напредок во енергетиката: расте сигурноста и конкуренцијата

Македонија бележи значителен напредок во сигурноста на енергетското снабдување и интеграција на енергетските пазари во 2025 година во споредба со лани, покажува најновиот Годишен извештај за имплементација на Енергетската заедница за 2024
Go toTop