Христовски: Законот не е прекршен, се отчленив од ВМРО-ДПМНЕ – „приоритет ќе биде секој вработен да помине полиграф“

October 20, 2024
1 min read

Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, во интервју за емисијата „Код“ на ТВ Телма истакна дека со неговото именување на функција, не е прекршен законот.

Според него, тој навреме се отчленил од ВМРО-ДПМНЕ.

„Согласно законот, не е дозволено членување во политички партии за ниту еден од вработените. Исто како што е во МВР. Во моментот на моето именување и претходно при моето, условно кажано, враќање во МВР во декември 2023 година, односно одреден период претходно, со пополнување формална изјава, со барање до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, се изземав, односно се отчленив, од партијата“, вели Христовски.

На новинарско прашање за тоа како ќе постапи доколку му се јави доскорашниот партиски шеф, а сегашен премиер и побара нешто да направи како директор на АНБ, Христовски порача дека секогаш бил самостоен во своето работење и одлучување, па затоа се ште е во рамки на законот ќе биде изработено строго во рамките на законот и подзаконските акти на АНБ.

„Луѓе може да бараат, може да има секакви побарувања. Тоа што ќе биде преземено од моја страна и донесено како одлука секако секогаш ќе биде во рамките на правилата тука, на законските прописи и во склоп на вредностите на оваа држава односно темелите на кои ние се потпираме, а тоа е припадност кон НАТО-алијансата и вредностите на Европската Унија“, рече тој.

Христовски рече дека иако неговите претходници ова не го вовеле, сепак негов приоритет ќе биде секој вработен да помине полиграф како средство за проверка на професионалноста и кредибилноста.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Познатата македонистка Намита Субиото утре ќе одржи предавање за Ацо Шопов

Следно

Лионел Меси со Интер ќе игра на Светското клупско првенство

Latest from Blog

ВИДЕО: Чоколадна торта со бисквити

Чоколадната торта е идеален избор доколку имате гости за викенд. СОСТОЈКИ: 1 јајце 80 гр шеќер 30 гр пченкарен скроб 500 мл млеко 100 гр чоколадо 30 гр путер пакување бисквити (25

Ѓорѓиевски: Одредени политички партии и групации сакаат да профитираат политички од подметнатите пожари, потребно е ЈО веднаш да постапи

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори беше гостин во ,,Утринско еспресо“ на Радио Лидер. Меѓу останатото, Ѓорѓиевски зборуваше

Премиерот Мицкоски во посета на општина Јегуновце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја Општина Јегуновце. Тој, во рамки на посетата, ќе изврши увид во градежни активности на градинка во населено место Вратница. Како што најави владината прес-служба, премиерот Мицкоски

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по
Go toTop