Христовски нема сертификат од НАТО, уште  една лага на власта, обвинуваат од СДСМ

January 8, 2025
1 min read

Скандалот со киднапирањето на Агенцијата за национална безбедност и партиското назначување директор нема крај. Последната манипулација којашто власта ја сервира е дека Христовски наводно поседувал сертификат од НАТО, истакна денеска на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.

На прес конференцијата уште беше кажано?

Ова е намерна манипулација за да се одбегнат одговорите на суштинските прашања а тоа е дали Христовски воопшто ги исполнува условите да биде на оваа висока позиција.

СДСМ ќе ја разобличи оваа манипулација и ќе инститира на правна разрешница на овој случај.

Прво, проверките за издавање на безбедносни сертификати ги вршат исклучиво домашните безбедносни институции, а тоа се АНБ и МВР. 

Постапката е јасно дефинирана: институцијата каде што работи лицето доставува барање до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, по што се спроведуваат потребните проверки.

А тие проверки за цивилни лица ги спроведуваат АНБ и МВР а не НАТО.

Значи во случајот со Бојан Христовски, токму АНБ каде што тој е именуван за диркетор поднела барање и токму АНБ спровела безбедноста проверка на својот директор.

Ова ја открива целата манипулација на власта.

Прашањето е зошто по секоја цена, по сите можни скандали, власта го турка Христовски и ревносно го штити.

Христовски беше именуван за директор на АНБ без соодветен безбедносен сертификат од ниво „државна тајна“. 

Согласно член 10 став 1 од Законот за АНБ безбедносниот сертификат е услов за да биде именуван за директор.

Се уште е отворено прашањето и за сертификатот за англиски јазик од Пловдив Бугарија, од непосточека агенција.

Отворено е и прашањето за валидноста на дипломата на Христовски. Одлуката на ДКСК е целосно компромитирана и затоа Јавното обвинителство не смее уште да молчи.

ДПМНЕ создава паравласт, ги крши законите за да ги партизира безбедносните институции.

СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна транспарентност и правна разрешница за овој случај, најавија од партијата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Во инфраструктурата имаме големи инвестиции, експресниот пат Градско-Фариш ќе се пушти набрзо од денес

Следно

СЛИКАМ КАКО ЏЕЗ МУЗИЧАР, ВЕЛИ СЕРГЕЈ АНДРЕЕВСКИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ АВТОР НА ПЛАКАТИТЕ НА КОНЦЕРТИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ-ОРКЕСТАР

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop