Овен 21.3-20.4.
Љубов
Ако сте во врска, ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе.
Кариера
Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето, а сега почнувате и вие да им враќате.
Здравје и совет
Подобро е да верувате, отколку да сде сомневате.
Бик 21.4- 20.5.
Љубов
Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор.
Кариера
Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки, кои ви изгледаат неумесни. Сепак, не се расправајте, туку прифатете ги.
Здравје и совет
Ќе бидете малку фрустрирани, но ќе ви помине.
Близнаци 21.5.-21.6.
Љубов
Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност, а со тоа и мали фрустрации. Сепак, сето тоа јуначки ќе го издржите.
Кариера
Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни.
Здравје и совет
Нервоза.
Рак 22.6-22.7.
Љубов
Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете, убаво ќе си поминете.
Кариера
Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати.
Здравје и совет
Имате смисла за хумор.
Лав 23.7-22.8.
Љубов
Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време.
Кариера
Она што другите ќе ви предложат, анализирајте го полека и во тишина, за да бидете целосно објективни.
Здравје и совет
Почнете со здрава исхрана.
Девица 23.8.-23.9.
Љубов
Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна.
Кариера
Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика.
Здравје и совет
Причекајте.
Вага 24.9.-23.10
Љубов
Пред вас е убав ден за дружба, излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите.
Кариера
Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес. Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин.
Здравје и совет
Подобрување.
Шкорпија 24.10-22.11.
Љубов
Вашата фаза на „ловечки приказни” би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро.
Кариера
Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема, а истата ќе ви донесе задоволство.
Здравје и совет
Не претерувајте со колачи.
Стрелец 23.11.-21.12.
Љубов
На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат, додека другите ќе уживаат во осаменоста.
Кариера
Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно.
Здравје и совет
Бидете умерени.
Јарец 22.12.-20.1.
Љубов
Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи.
Кариера
Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина.
Здравје и совет
Се потрудивте да живеете уредно, што е добро.
Водолија 21.1.-19.2.
Љубов
Освен мали дневни уживања во двојка, денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања.
Кариера
Веќе ништо не ви стои на патот. Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете.
Здравје и совет
Почнете да спортувате.
Риби 20.2.- 20.3.
Љубов
Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност, па ако имате можност, излезете меѓу луѓе.
Кариера
Сите работи што вклучуваат соработка, контакти и размена на идеи, денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното.
Здравје и совет
Ќе се чувствувате посилно.
Извор: kurir.mk