ХОРОР: Претседател на фудбалски клуб убиен по загубен натпревар

September 26, 2023
1 min read

Колумбискиот фудбалски второлигаш Тигрес соопшти денеска дека клупскиот претседател Едгар Паес е убиен во Богота, откако клубот загуби во саботата од Атлетико (2-3) во рамки на 13. коло во колумбиската Примера Б.

Според извештаите на локалните медиуми, 63-годишниот Паес по поразот на неговиот тим од Атлетико заедно со својата ќерка со автомобил се враќал дома, кога во близина на стадионот во Богота бил пресретнат од двајца мажи на мотор, кои пукале во него.

Неговата ќерка не е ранета во нападот, а Обвинителството соопшти дека истрагата во врска со убиството на Паес е во тек.

-Неговата посветеност кон тимот и развојот на спортот на нашите простори остави неизбришлива трага на сите кои имаа привилегија да го познаваат, соопшти Тигрес преку социјалните мрежи.

Фудбалската федерација на Колумбија изрази сочувство до семејството на Паес и клубот Тигрес.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Препукувања и надвикувања на комисиската расправа по Предлогот за прераспределба на буџетските средства

Следно

Кацарска за измените во кривичниот законик: Уставен суд ќе утврдува дали се уставни или не

Latest from Blog

Министерот Ристовски го отвори реконструираното спортско игралиште во СД „Гоце Делчев“

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Министерството за спорт одговори

Витаминот Ц може да ги заштити белите дробови од загадување

Големи дози на витамин Ц значително можат да го намалат штетното дејство на ситните честички во воздухот врз белите дробови, покажува ново истражување на Универзитетот за технологија во Сиднеј (УТС). Научниците спровеле

ВМРО-ДПМНЕ: Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа

СДС тврдеше дека државата ќе има поскапување на струјата од цели 5%, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Се потврди дека станува збор за уште една голема лага. Покачувањето е 2,28% и е најниско во

Новогодишната магија на „Зимска приказна“ преку театарските настапи на учениците во Битола

Учениците од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ ја збогатија битолската празнична магија со својата традиционална новогодишна приредба, дел од овогодинешната манифестација „Зимска приказна“. На сцената во Центарот за култура, малите
Go toTop