Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

April 18, 2025
1 min read

Деновиве во Музејот на Град Скопје во тек е изложбата „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950“ која претставува дел од колекцијата на Влатко Милошевски. Меѓу многуте уметнички и историски интересни дела, внимание на посетителите привлекува карикатурата на холандскиот илустратор Јохан Браакензик (1858-1940), која го коментира лицемерниот однос на Русија и Австро-Унгарија кон османлиските репресалии поврзани со Илинденското востание.

На карикатурата насловена „Конфликтот во Македонија“ се прикажани рускиот цар Николај II и австро-унгарскиот императорот Франц Јозеф како индиферентно разговараат, додека во позадина османлиската војска врши воени злосторства врз цивилното население. Под сликата стои текст на холандски:

Императорот Франц Јозеф (кон царот): „Имаме среќа, поглавару на православната црква, што нашето христијанство не нè обврзува да наредиме да се запре тој колеж…“
Царот (кон Франц Јозеф): „Сигурно, Ваше најхристијанско височество!…“

Во оригиналниот холандски текст, како синоним за православната црква е употребен терминот „грчка црква“, на сличен начин како што до ден денешен, во поширока смисла на англиски се користи терминот „Greek Orthodox Church“.

Карикатурата била оригинално објавена на 6 септември 1903 година во додаток на неделното списание Амстердамер.

Историската улога на Русија во однос на македонското прашање во текот на XIX и на почетокот на XX век е контроверзна, но е ретко предмет на отворена јавна дебата во македонската јавност.

Рускиот империјализам ја ставал маската на заштитник на православните, односно словенските народи, претставувајќи се од една страна како нивни ослободител или помагач во борбата против туѓинска власт, додека од друга страна соработувале со другите империи, меѓу кои и со Османлиското Царство.

Низа историски личности од Македонија од тој период, од браќата Миладинови до Димитрие Чуповски, барале поддршка од Русија, без да ја добијат.

Во ситуации кога не можела да изврши директно освојување, Русија ги поддржувала експанзионистичките планови за освојување на Македонија на своите балкански сојузници, прво на Царството Бугарија, а потоа на Кралството Србија. Русија ја поддржала и поделбата на Македонија со Букурешкиот договор од 1913 година и се спротиставувала на обидите за негова ревизија.

Ширењето на наративот за Москва како „трет Рим“ (рус. Москва — третий Рим), односно центар на христијанството наспроти вистинскиот Рим и „вториот Рим“ – Константинопол (Цариград, Истанбул), како дел од руската империјалистичка пропаганда, е причина за обраќањето кон рускиот цар е со титула „поглавар на православната црква“ во текстот на карикатурата.

Изложбата „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950“ е отворена на 4 април и ќе трае до 23 април, при што влезот во Музејот на Град Скопје е бесплатен.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО Возачот кој влечеше коњ низ Скопје е идентификуван – случајот пријавен кај јавен обвинител

Следно

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје – неколку булевари затворени!

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop