Хоџиќ: Земјата е во општествена криза, време е за демократска акција

February 1, 2026
1 min read

Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) оцени дека државата се наоѓа во длабока општествена криза и порача дека е неопходна демократска мобилизација за враќање на европскиот курс на земјата.

Овие пораки беа упатени на трибината „Предизвиците на Северна Македонија во 2026 година“, што СДА Македонија ја организираше вчера во хотелот „Best Western Hotel Turist“, на која се обрати претседателот на партијата, Џелал Хоџиќ.

Хоџиќ истакна дека блокираните евроинтеграции, авторитарните тенденции на власта, лошата економска состојба и големите задолжувања во милијарди евра, како и негативното влијание на, како што рече, „српскиот свет“, ја довеле државата во сериозна општествена криза.

„Со својата неодговорна политика, власта ја внесе Северна Македонија во општествена криза, во услови на блокиран европски пат, економска несигурност и растечка изолација“, рече Хоџиќ.

Според него, надворешната политика на Владата ја изолира земјата од демократскиот свет и се води во координација со авторитарните режими на унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ, кои ги оцени како „прокси-играчи на Путин во Европската унија и на Западен Балкан“.

Хоџиќ нагласи дека актуелната власт покажала отсуство на политичка волја за уставни измени и за продолжување на европскиот пат, како и недостиг на капацитет за спроведување суштински реформи што би го подобриле животниот стандард на граѓаните.

Во обраќањето беше критикувано и игнорирањето на иницијативите за законски измени со кои, како што наведуваат од СДА Македонија, би им престанале функциите на политичарите што се наоѓаат на „црните листи“ на САД, ЕУ и Обединетото Кралство, како и забраната за учество на бизнисмени од истите листи и нивните компании на јавни тендери.

„Владејачкото мнозинство ја игнорира потребата од вакви законски измени, иако негативните последици од неодговорното владеење веќе ги чувствуваат граѓаните“, порача Хоџиќ, додавајќи дека последиците во наредниот период може да бидат уште посериозни.

СДА Македонија најави дека во наредниот период ќе започне теренска кампања со наслов „Време е за демократска акција!“, која ќе вклучува редовни средби со граѓаните низ државата.

„Целта е заедно со граѓаните отворено да зборуваме за проблемите што власта ги игнорира и заеднички да ги бараме најдобрите решенија“, истакна Хоџиќ.

Од партијата упатија и повик до сите демократски и проевропски актери во општеството да започнат сериозен дијалог за последиците од изолацијата на државата и да ги обединат напорите, без разлика на етничката припадност или моменталната политичка позиција, со цел Северна Македонија повторно да се врати на европскиот пат.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира за итна интервенција на патот што ја поврзува Албанија со Македонија на граничниот премин Требиште-Џепиште, во областа Голо Брдо

Следно

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, на повисоките места со мали остатоци од кашест снег

Latest from Blog

ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ОРГАНИЗИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, воочи големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателeлот на

Средба на Димитриеска-Кочоска со ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка

18 март 2026, Скопје – Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на коja беа презентирани најновите макроекономски остварувања и фискални политики, како и проекциите за наредниот период.

Израел ја нападна најголемата иранска инфраструктура за гас (ВИДЕО)

Според него, целта на нападот била најголемата иранска фабрика за преработка на гас во покраината Бушер, објави „Тајмс оф Израел“. Реакција на Иран Иранската државна телевизија, исто така, објави за нападот. „Пред

Средба на Сиљановска-Давкова со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на која, како што информира нејзиниот Кабинет, се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како
Go toTop