Хисени: Сметките за струја се покачени

January 19, 2024
1 min read

„Новата година започна со нова изнуда на граѓани од криминализираната власт во заминување, овојпат и преку сметки за струја“, обвинуваат од Европскиот сојуз за промени. Според нив, власта уште повеќе удира по граѓаните со тоа што драстично ја зголемува цената на струјата.

„ Кога граѓаните се на работ на егзистенција, а сиромаштијата се зголемува, корумпираната власт уште посилно ги удира со драстично зголемување на цената на струјата. Тоа најдобро ќе го докажат сметките што се очекува да стигнат до граѓаните. Ајде да одиме со подетално објаснување за секој граѓанин да не разбере: Оваа греалка троши 2 киловати на час, да претпоставиме дека едно семејство ја користи 12 часа дневно и испаѓа дека за еден месец троши 720 киловати и автоматски ова домаќинство е ставено во третиот блок на потрошувачи на струја, кои имаат значително поскапување на струјата и покрај лагите на власта дека струјата е намалена. Дали знаете кои корисници имаат ослободување од струја – само оние кои веќе ги напуштиле домовите затоа што и да ги запалиле сијалиците ќе го надминат првиот блок“, рече Фари Хисени – од Европскиот сојуз за промени./Алсат.мк

Авни Тахири

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанската опозиција нема да учествува во изборниот процес доколку не го добијат членот во ДИК

Следно

Испораките доцнат, цените растат заради нападите врз бродови во Црвеното море

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop