Хигиената во Центар на +40: Денеска ќе се мијат улиците и контејнерите во Дебар Маало

July 19, 2023
1 min read

Општина Центар продолжува со интензивно одржување на јавната хигиена, миење и чистење на улиците, контејнерите и урбаната опрема.

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски најави наводнување на садниците и миење на улиците и контејнерите доцна попладне особено за време на екстремно високите температури.

Вчера цистерната ги миеше улиците и контејнерите зад Универзалната сала, кај Вучко во населба Буњаковец и кај ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, а денеска ќе продолжи во Дебар Маало.

„Години наназад не ги гледаме градските цистерни по улиците кои ја миеја прашината и ги освежуваа улиците. Прашината која не ја гледаме но ја дишеме всушност е дел од севкупното загадување и затоа е неопходно нејзино миење. Цистерната на ЈП „ПОЦ“ секое утро и попладне особено за време на овој бран со екстремно високи температури ќе поминува во сите населби и ќе ги мие локалните улици. Одржувањето на јавната хигиена мора да продолжи затоа денеска попладне цистерната беше активна во Буњаковец“, изјави Герасимовски.

Цистерната на Општина Центар активно ги миеше улиците и минатата недела кога градоначалникот Герасимовски најави самостојно чистење на општината поради застојот на работата во градското претпријатие „Комунална хигиена“.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија повторно воздушно ја нападна Одеса

Следно

Гундоган: Сакам да ја вратам Барса на врвот во Европа

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop