Хемиското рециклирање е опасна измама

November 7, 2023
1 min read

Додека петрохемиските компании продолжуваат да го преплавуваат светот со евтини пластични производи и амбалажа – од кои голем дел е создаден да се користи еднаш, а потоа да се фрли – тие истовремено фрлаат големи пари за да се промовира едно решение наречено „хемиско рециклирање“.

Ова се однесува на процеси и технологии кои ја разбиваат пластиката во нејзините молекуларни делови и ги претвораат во нови производи. Теоретски, хемиското рециклирање е ветувачки начин за справување со пластиката „тешка за рециклирање“ како што се амбалажи и кеси, кои не можат да се рециклираат со конвенционални методи.

Ама.

Нов извештај од две непрофитни организации (Beyond Plastics и IPEN), вели дека хемиското рециклирање е „опасна измама“ која, додека ветува дека ќе се справи со пластичната криза, само ќе го влоши загадувањето и еколошките проблеми.

Понесени од резултатите на истражувачите, тие сега бараат од Бајден Бајден да прогласи национален мораториум на нови операции за хемиско рециклирање и ги повикаа меѓународните преговарачи да го отфрлат овој процес од глобалниот договор за пластика за кој сè уште се преговара.

Меѓу другото, извештајот на 159 страници го потврдува непобитниот неуспех кризата со загадувањето од пластика да се реши со конвенционални методи. Покрај децении и децении запнување на темата, стапката на рециклирање пластика во САД сè уште е само околу 5 проценти.

Со тоа се согласува и некогашниот втор човек на пластичарското лоби кое подоцна стана Асоцијација на пластичната индустрија.

Според Луис Фриман, индустријата за пластика одамна знаела дека рециклирањето „не може реално да се справи со значителна количина пластичен отпад“, но и покрај тоа „потрошила милиони долари за да ја убеди јавноста во спротивното“. Фримен имплицира дека хемиското рециклирање е само продолжување на оваа измама и се сомнева дека тоа ќе помогне во амбициозно поставените цели до 2040 година, Америка да користи 100 посто повторно користена или рециклирана пластика.

Од 11 постројки за хемиско рециклирање во САД, само три прават суровини за нови пластични производи; останатите произведуваат гориво за согорување, понекогаш во комбинација со хемикалии за индустриска употреба.

Но дури и сите 11 да работат со полн капацитет „за добрата кауза“, тие би можеле да преработат само 1,3% од пластичниот отпад кој се создава во САД.

**************

Види и:

Гринпис призна: Рециклирањето е ќорсокак

Дали рециклирањето е глупост?

Рециклирањето пластика е чиста измама

Рециклирањето пластика не функционира и никогаш нема да функционира

Лицемерието на рециклирањето

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Груевски треба да се врати во земјава за да се соочи со прaвдата

Следно

Пакистан испрати втора пратка со хуманитарна помош за Газа

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop