Хелсинки објави дека Турција донела одлука за прием на Финска во НАТО, ставот ќе биде објавен во петок

March 15, 2023
1 min read

Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган донесоа одлука за прием на Финска во НАТО, која официјално ќе биде објавена в петок за време на посетата на финскиот претседател, соопштено е денеска во Хелсинки.

„Турците се надеваа дека ќе бидам таму за да го слушнам нивниот одговор кога ќе ја соопштат својата одлука. Се разбира, јас ја прифатив поканата и ќе одам да ги добијам нивните искажани намери“, наведе финскиот претседател Саули Ниинисто во изјава.

Турскиот претседател, кој во моментов води кампања за реизбор, од минатата година го блокира пристапот на Финска и Шведска до Алијансата, а веќе утрово посочи дека позитивно ќе одговори на ветувањето дадено во Хелсинки дека земјата ќе влезе во Алијансата.

„Ние ќе го направиме нашиот дел, ќе го почитуваме ветувањето што го дадовме. Ќе се сретнеме со претседателот в петок и ќе го направиме она што го бара нашето ветување“, рече Ердоган.

Финска и Шведска заеднички аплицираа за влез во НАТО во мај 2022 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Канада ќе испрати муниција и противвоздушни ракети во Украина

Следно

Андоновски за сомнителниот тендер за Коридорот 8: Мислам дека оправдани ни се сомнежите, но ЈО е многу пасивно и не реагира

Latest from Blog

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори

ФБИ објави: Ова е оружјето со кое бил убиен Чарли Кирк

Американското ФБИ објави нови детали за оружје пронајдено во шумска област за која веруваат дека е локацијата каде што избегал вооружениот напаѓач, пишува Би-Би-Си. Службениците потврдија за Си-Би-Ес дека станува збор за

Коњановски: Ова е само почеток на одбојкарската револуција во Битола!

Со почетокот на новата сезона, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на отворањето на новата одбојкарска платформа која ќе обезбеди подобри услови за тренинг и натпревари. „Ова е инвестиција во иднината
Go toTop