„ХЕДА ГАБЛЕР“ НА ДРАМСКИ ТЕАТАР ОД СКОПЈЕ ГО ОТВОРА 58. ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

June 7, 2024
1 min read

Педесет и осмото издание на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп почнува вечерва со отворањето на изложбата „Горан Стефановски и книгите“ во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“.

Половина час подоцна, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е свеченото доделување на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов, а потоа следи изведбата на претставата  „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје.

„Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за првпат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во
Македонијa“ вели Ана Стојаноска, уметничка директорка на фестивалот.

Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лада ќе го покорува Дубаи

Следно

Ова е премногу дури и од Сораја: „Жено, ти фали дел од фустанот“ (ФОТО)

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop