ХАРУКИ МУРАКАМИ ГО ПРОЧИТА НОВИОТ НЕОБЈАВЕН РАСКАЗ НА КНИЖЕВЕН НАСТАН ВО ТОКИО

March 3, 2024
1 min read

Само 1.100 среќници во публиката имаа можност да го слушнат расказот „Кахо“, кој допрва треба да биде објавен, прочитан на глас од самиот јапонски писател Харуки Мураками. Читањето се одржа прексиноќа на книжевен настан наречен „Бувот чита во пролет“, за собирање средства за библиотеката на Меѓународната куќа на книжевноста Васеда во Токио, на кој читаше и наградуваната писателка Миеко Каваками.

„Ова е свежо, од пред само 10 дена“, ѝ рече Мураками на публиката, додавајќи дека расказот го напишал за настанот.
Последниот кус расказ на Мураками беше „Прво лице еднина“ објавен пред повеќе од три години. Неговото плодно книжевно дело вклучува и есеи, нефикција и преводи. Тој рече дека не било лесно да се пишува приказна за рецитирање.

„Всушност, доста е тешко да се напише нова приказна за рецитирање“, рече Мураками. „Нејзината содржина и стил треба да одговараат на рецитирањето и мора да биде релативно кратка. Приказната сепак излезе предолга“, рече тој, и ја прочита во два дела за време на настанот на Универзитетот Васеда.

На новинарите на настанот им беше дозволено да ги објават имињата на приказните, но не и нивната содржина.

Мураками, (75) е еден од најпопуларните и најпознатите светски романсиери, а дебитираше со „Слушај го ветрот како пее“ во 1979, четири години откако почнал да пишува додека менаџирал џез-бар во Токио. Неговиот роман „Норвешко дрво“ од 1987 година прв бестселер, што го етаблира како млада книжевна ѕвезда. Неговиот најнов бестселер, романот „Градот и неговите неизвесни ѕидови“, беше објавен во 2023 во Јапонија и го чека англиското издание.

Настанот „Був“ е втор за него и за Каваками, која рече дека е долгогодишен фан на Мураками уште години пред да стане романсиер. Двајцата наизменично читаа на глас на настан во 2019, каде Мураками го откри претходниот расказ, „Исповеди на мајмунот Шинагава“, подоцна објавен како дел од збирката раскази „Прво лице еднина“. Каваками, сега славна писателка позната по нејзиниот бестселер „Гради и јајца“, преведен на англиски во 2020, прексиноќа го рецитираше својот нов расказ со наслов „Нашите врати“. Таа дебитираше како поетеса и со нејзината прва новела, „Моето его, моите заби и светот“, во 2007, а нејзиниот роман „Рај“ влезе во потесниот избор за меѓународната Букерова награда за 2022.

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Битолчанец се сомничи дека со запалива течност синоќа предизвикал пожар во казино

Следно

Нова сезона со раскопан автопат кон Охрид

Latest from Blog

Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

“Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување со соседите. Но мора да се истакне дека овој проект комплетно беше

Утрински температури до -11 степени и повремени снежни врнежи до петок, еве какво ќе биде времето викендов

Утре и во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, соопшти Управата
Go toTop