Харадинај за динарот: Импровизации на владата на Курти, Србија создава предност

April 5, 2024
1 min read

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, разговорите меѓу Косово и Србија во Брисел за прашањето за српскиот динар ги нарече „импровизации на владата“ на Албин Курти што се штетни за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за порталот „Економија онлајн“ (ekonomiaonline.com), Хардинај вели дека поради таквите постапки на Курти, косовските сојузници се огорчени и дека одложувањата во решавањето на прашањето на забраната за користење на српската валута во Косово, оди во прилог на Србија.

– Не е нешто ново, за жал, тоа се главно импровизации на владата, значи не се нешто сериозно и не го носат потребниот резултат. Така што, гледате дека имаме огорченост, кажано со народен јазик, од сите наши сојузници кон Косово, токму поради таквите постапки на владата, изјави Харадинај.

Поранешниот премиер вели дека Косово треба да се фокусира на спроведувањето на француско-германскиот план за постигнување договор меѓу Приштина и Белград, додека одолговлекувањето на решавањето на прашањето на динарот ѝ дава предност на Србија.

– Сметам дека треба да се фокусираме на главната тема, а тоа е имплементацијата на договорот, познат како француско-германски план, се разбира со обврските кои се преземени. Бидејќи, доколку ги спроведеме овие обврски од Советот на Европа и од кандидатурата за членство во ЕУ и во НАТО, стагнацијата во прашањето за динарот е прашање кое нè уназадува и секако создава предност за Србија. Реално Србија ги користи овие против Косово, рече Харадинај.

Главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, вицепремиерот Бесник Бислими, по последната рунда преговори вчера во Брисел за прашањето на користењето на српскиот динар во Косово, изјави дека Приштина се согласува со предлогот на емисарот на ЕУ, Мирослав Лајчак, додека Србија не е подготвена за компромис и побарала дополнително време. Бислими не кажа за каков предлог се работи. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каков облик ќе добие долго одложуваната американска помош за Украина?

Следно

Во Газа убиени уште 54 Палестинци, вкупниот број се зголеми на 33.091

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop