Ханси Флик: Реал го има најдобриот напаѓач, но Барса си има свои планови!

January 11, 2026
1 min read
фото: Barcelona (X)

Интересно беше на прес – конференцијата на стратегот на Барселона, Ханси Флик во пресрет на финалето во Супер – Купот против Реал, кој се игра во недела во Џеда. Германскиот тренер изрази оптимизам и нагласи дека неговиот тим е исклучително фокусиран на освојување на трофејот.
„Мислам дека сите ја ценат можноста да играат во финалето против Реал Мадрид. Можеме да ја освоиме титулата и за да го направиме тоа мора да играме како тим – тоа е она што сакам да го видам. Тоа е најважното нешто“, рече Флик. Запрашан за формата на нивните противници, тој одговори:

„Тие имаат фантастични играчи со исклучително висок квалитет. Но, јас сум фокусиран на мојот тим. Ова е Реал Мадрид и нема поголема мотивација од тоа.“

Коментарите на Флик за француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе, кој го пропушти полуфиналето на Реал Мадрид против Атлетико, привлекоа особен интерес.

„Тој е најдобриот напаѓач во моментов. Играч од светска класа“, призна каталонскиот тренер.
Сепак, тој веднаш возврати со импресивна статистика од неодамнешните судири:

„Колку Ел Класика сме играле? Колку сме победиле? Изгубивме само еден натпревар. Мбапе е фантастичен играч и ќе се прилагодиме на него до одреден степен, но и на целиот тим на Реал Мадрид. Мора да играме на начинот на кој Барселона секогаш игра – со наш стил, кој е различен од оној на Реал.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп за недела, 11-ти декември

Следно

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop