Хамас му ги предаде на Црвениот крст трите заробенички Израелки

January 19, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Хамас му ги предаде трите заложнички Израелки на Црвениот крст во Газа, пренесува Анадолу.

Палестинската група Хамас денес соопшти дека ќе ослободи три заробеници во првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници со Израел.

Според новинарот на Анадолу, Бригадите Касам, вооруженото крило на Хамас, почналe да ги предава трите заложнички Израелки на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во градот Газа.

Голем број членови на Касам со возила се собраа во центарот на градот Газа за да ги предадат трите Израелки, се наведува во веста.

Веста ја потврдија израелскиот јавен сервис КАН и телевизискиот канал 12.

Договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила денес во 11.15 часот по локално време (10.15 според средноевропско време) по неколкучасовно одложување поради израелските обвинувања кон Хамас дека го одложува објавувањето на списокот на заробеници што треба да бидат ослободени.

Речиси 47.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 110.700 се ранети во израелската геноцидна војна во Газа од 7 октомври 2023 година.

Во израелските напади исчезнаа повеќе од 11.000 луѓе, со широко распространето уништување и хуманитарна криза која ги однесе животите на многу постари луѓе и деца во една од најстрашните глобални хуманитарни катастрофи досега.

Во ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Улиците во Тетово ќе добијат нови имиња: Скендербег, Исмаил Ќемали, Браќа Фрашери… дел од предлозите

Следно

Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop