Хамас: Кабел си е кабел

October 26, 2023
1 min read

За време на 2-годишното планирање оперативците на Хамас за комуникација се потпирале исклучиво на жичаните телефони, а  операцијата ја чувале во целосна тајност се до неколку денови пред нападот. Во својата работа тие целосно избегнувале користење компјутери и мобилни уреди, за да заобиколат какво било откривање од израелското или американското разузнавање.

Освен откажувањето од дигитална комуникација, во подготовките клучни биле и состаноци во живо, а остатокот од воената сила на Хамас дознал за планот кратко пред почетокот на неговото спроведување.

За цело време на планирањето Хамас продолжил со обуката на своите борци. Ова било забележано и од израелското разузнавање но било игнорирано по основа дека Хамас постојано држи обуки.

Наводно знаењето и контраразузнавачките мерки на Хамас му ги има пренесено Иран, но западните извори се согласни дека Техеран не учествувал во планирањето на операцијата.

Според Си-ен-ен се до октомврискиот напад Израел немал поим дека Палестинците користат жичани телефони.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со „Барам љубов“ се отвора неделата на јапонски филм во Скопје и Битола

Следно

Џафери бара партиите навреме да се договорат за терминот за изборите

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop