Хамас: „Израел спроведува нов нацистички холокауст во Газа“

October 14, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Членот на Политичкото биро на Хамас, Изат ал Ришек, изјави дека Израел спроведува нов нацистички холокауст во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Ришек објави писмено соопштение по бомбардирањето на израелската Армија на шаторите во кампусот на болницата „Загинати херои на Газа“ во градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, во кои се сместени раселените Палестинци.

Во соопштението, посочувајќи дека благодарение на неспособноста на меѓународната заедница израелската Армија користела американско оружје во нападот во кој се убиени 4 лица, а 40 се повредени, од кои повеќето со тешки изгореници, Ришек наведува: „Нападот на ционистичката армија насочен врз шаторите на раселените луѓе во болницата во Деир ал Балах е новиот нацистички холокауст“.

Зборувајќи дека Израел палејќи ги убива децата, жените и старите лица во нападите врз шаторите и засолништата, Ришек упати критики за неуспехот на меѓународната заедница да преземе чекори против овој геноцид што трае веќе една година.

„Знаеме со сигурност дека меѓународната заедница нема да направи ништо и дека ционистичката организација ќе ја избегне казната, но нема да се воздржуваме да ги повикаме децата на умметот (заедница на верници). Време е за интензивирање на акцијата. Секој треба да дејствува во рамките на своите можности и не треба да се навикнува на масакри на своите браќа. Непријателот не треба да помисли дека никој не стои зад народот во Газа“, рече Ришек.

По бомбардирањето на израелската Армија во текот на ноќта на шаторите во кои се сместени раселените Палестинци во дворот на болницата „Загинати херои на Ал Акса“ во Појасот Газа, избувнаа пожари, а животот го загубија најмалку 4 лица, додека 40 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски и другите премиери од Западен Балкан го потпишаа Акциониот план за заеднички регионален пазар

Следно

Четворица израелски војници загинаа во напад со беспилотно летало на Хезболах

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и
Go toTop