Хамас и Нетанјаху се од иста

October 31, 2023
1 min read

„Што знаете за Хамас?“, прашува Мехди Хасан во Интерсепт.

Дека се заколна дека ќе го уништи Израел? Дека е терористичка група, забранета и од САД и од ЕУ? Дека владее со Газа брутално и коруптивно? Дека уби стотици невини Израелци со ракетни, минофрлачки и самоубиствени напади?

Но, дали знаевте дека Хамас – што е арапски акроним за „Движење на исламскиот отпор“ – веројатно немаше да постои денес да не беше еврејската држава? Дека Израелците помогнаа еден куп маргинални палестински исламисти во доцните 1970-ти да израснат во една од најозлогласените милитантни групи во светот? Дека Хамас е бумеранг?

Ова не е теорија на заговор. Слушајте ги поранешните израелски функционери како што е генералот Јицак Сегев, израелски воен гувернер во Газа во раните 1980-ти. Сегев подоцна му призна на новинарот на Њујорк тајмс дека помогнал во финансирањето на палестинското исламистичко движење како „противтежа“ на секуларистите и левичарите на ПЛО и Фатах на Јасер Арафат (кој самиот го нарекуваше Хамас „креатура на Израел.“)

„Хамас, на моја голема жал е производ на Израел“, изјави  во 2009 за Вол Стрит Журнал, Авнер Коен, поранешен израелски функционер за верски прашања кој работеше во Газа повеќе од две децении.

Тој во средината 80-тите, писмено ги има предупредено неговите претпоставени да не играат на картата раздели-па-владеј, поддржувајќи ги палестинските исламисти против палестинските секуларисти.

„Предлагам да бараме начини да го разбиеме ова чудовиште пред реалноста да нè мавне во глава“, напиша Коен.

Баронесата Варси од Горниот дом на британскиот парламент има да го додаде ова:

„Сакам нешто да ви прочитам: “Секој кој сака да спречи создавањето палестинска држава треба да го поддржи зајакнувањето на Хамас и нивното финансирање. Тоа е дел од нашата стратегија, да ги изолираме Палестинците од Газа од оние во Западниот брег“.

Ова го има кажано премиерот Нетанјаху во 2019-та година, како поддршка за Хамас. Бидејќи тој знае дека сè додека Хамас е таму, секогаш може да се вади дека нема партнер за постигнување мир. 

Во времето кое го памтиме имаше два момента кога до мир можеше да се дојде.

Еден во раните 90-ти, со договорите од Осло на Јицак Рабин и Јасер Арафат кои за тоа добија Нобелова награда за мир. Две години после тие договори, радикален израeлски десничар (Јигал Амир – н.з.)  го уби Рабин и после тоа договорот беше мртов.

Вториот момент беше не толку одамна, во 2016-та, кога државниот секретар Џон Кери застана зад мировен предлог кој беше прифатен од палестинските власти но одбиен од Нетанјаху.

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Месец на европски филм во Кинотека

Следно

Израелски медиуми: Пресретнат проектил над Црвено Море

Latest from Blog

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот
Go toTop