Хамас: Бајден и неговата администрација се одговорни за нападот на израелската војска врз болницата Шифа

November 15, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Хамас предупреди на масакри за време на нападот на израелската Армија врз болницата Шифа во Газа и ги смета Израел, Соединетите Американски Држави (САД) и меѓународната заедница одговорни за безбедноста на медицинскиот персонал, ранетите и илјадниците раселени Палестинци засолнети во болницата, јавува Анадолу.

Хамас објави соопштение во врска со нападот на израелската Армија врз болницата Шифа, за која Израел тврди дека е центар на палестинскиот вооружен отпор.

„Ние ги сметаме Израел, (американскиот претседател Џо) Бајден и неговата администрација и меѓународната заедница за целосно одговорни за последиците од нападот на окупаторската армија врз болницата Шифа и траумата што ја претрпе медицинскиот персонал и илјадниците раселени луѓе“, соопштија од Хамас, додавајќи:

„Молкот на Обединетите нации и неуспехот на многу земји и режими нема да го одвратат нашиот палестински народ да ја бара својата земја и легитимните национални права. Ние ќе продолжиме да му ветуваме на нашиот народ дека ќе продолжиме да ги браниме нив и нивните права со сите наши сили. Окупацијата ќе плати висока цена за нејзините злосторства и напади врз нашите деца, жени и светилишта.“

Израелската Армија утринава упадна во болницата Шифа, најголемата здравствена установа во регионот во која се сместени илјадници пациенти и раселени цивили во Газа.

Генералниот директор на болниците во Газа, Мухамед Закут, рече: „За време на нападот на израелската Армија врз болницата Шифа, ниту еден куршум не беше испукан во болницата.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради напукнатиот мост, патниците од воз се преместуваат во автобус кај Кукуричани

Следно

Во кумановско пронајдени 12 мигранти од Непал во возило управувано од српски државјанин

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop