Халид Бешлиќ е итно хоспитализиран во клиничкиот центар во Сараево

August 23, 2025
1 min read

Поради влошената здравствена состојба, Бешлиќ беше принуден да го откаже својот концерт во Градачац, закажан за среда, 27 август 2025 година, објави Информер.

– За жал за сите нас, должни сме да ве информираме дека планираниот концерт на Халид Бешлиќ, закажан за среда, 27 август 2025 година, е откажан поради здравствени причини со кои се соочува нашата голема музичка ѕвезда. И покрај огромната желба да се дружи со публиката на Градачац на првата вечер од саемот, Халид е принуден моментално да се посвети на своето здравје и да го започне процесот на рехабилитација. Менаџментот на популарниот пејач го разбира разочарувањето на неговата лојална публика и ветува ново дружење во блиска иднина – се наведува во официјалното соопштение.

Да ве потсетиме дека Бешлиќ со години се соочува со здравствени проблеми. По сериозната сообраќајна несреќа во 2009 година, во која го изгуби окото и претрпе повреди на белите дробови, му беше вграден стент, а се бори и со дијабетес. Сите овие предизвици бараат посебно внимание и континуирана здравствена грижа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Поддршката од ЕУ е силен ветер во грб за реформите

Следно

Институционална поддршка за артистите во Чаир потврди Меџити

Latest from Blog

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop