Хакан Фидан во Приштина: Безбедноста и стабилноста на Косово е исклучително важна за траен мир и стабилност на Балканот

September 7, 2024
3 mins read

ПРИШТИНА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денеска во Приштина изјави дека Туркије, во рамките на меѓународните договори, ја поддржува безбедноста и стабилноста на Косово, како и на другите пријателски и сојузнички земји, и дека тоа ќе продолжи и во иднина, јавува Анадолу.

По посетата на Северна Македонија, шефот на турската дипломатија Фидан денеска е во посета на Косово, при што во Приштина се сретна со вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала-Шварц.

Фидан по состанокот за новинарите изјави дека во Приштина се чувствува како дома и дека со највисоките претставници на Косово ќе разговара за голем број важни билатерални, регионални и глобални теми. Тој додаде дека ќе ги посети и базите на КФОР на Косово, каде се стационирани и припадници на Турските вооружени сили.

„Косовците не се само наши пријатели, тие се и наши браќа и сестри. Сакаме нашите нераскинливи врски на најдобар можен начин да ги пресликаме во нашите билатерални односи. Нашата цел е сеопфатна и стратешка визија. Безбедноста, политиката и економијата ја гледаме како статив на нашата соработка. Нашиот политички дијалог е веќе на одлично ниво“, рече Фидан.

Истакнувајќи дека потпишувањето на билатерален договор за безбедносна соработка ќе биде првиот чекор во создавањето институционална рамка за долгорочна соработка во таа област, Фидан најави и зајакнување на економските односи меѓу Анкара и Приштина, истакнувајќи дека целта е трговската размена да достигне милијарда евра во наредниот период.

„Инвестициите на турските компании во Косово веќе достигнаа износ од 500 милиони евра. Нашите компании овде вработуваат речиси 10.000 луѓе. Сепак, овие бројки не се доволни и знаете дека нашиот претседател секогаш бара од нас да ја развиваме економската соработка со зголемување на инвестициите и отворање нови работни места“, рече Фидан.

Истакнувајќи дека на состанокот во Приштина било разговарано и за служувањата на Балканот, Фидан рече дека разгледале што може да се направи за да се обезбеди постојан мир и стабилност во регионот.

„Како што реков и вчера во Северна Македонија, со регионалните проблеми треба да се соочуваме со регионален пристап. Како Туркије, ние придаваме големо значење Косово да застане цврсто на нозе како независна и суверена држава. Од самиот почеток, ние ги поддржувавме напорите за Косово да го заземе местото што го заслужува на меѓународната сцена. Сакам да ја искористам оваа прилика да кажам дека оваа поддршка ќе продолжи“, рече Фидан.

Нагласувајќи дека заштитата на безбедноста и стабилноста на Косово е исклучително важна за градење траен мир и стабилност на целиот Балкан, Фидан рече дека мисијата КФОР, со која во моментов успешно командува Туркије, има многу важна улога во Косово.

„Сметаме дека проблемите во односите меѓу Србија и Косово можат да се решат само со дијалог. Целосно ги поддржуваме сите напори во процесот на нормализирање на односите. Дијалогот меѓу Приштина и Белград е од клучно значење за ова. Туркије нема да бега од одговорност доколку некоја од страните побара нешто од неа во тој процес“, рече Фидан.

Тој најави и продолжување на зајакнувањето на воената соработка меѓу Туркије и Косово и соработка во областа на одбранбената индустрија.

Додаде дека на средбата разговарале и за борбата против тероризмот со акцент на неопходните чекори во борбата против терористичката организација ФЕТО.

„За жал, сè уште сме загрижени за присуството на ФЕТО на Косово. Овде сакам да истакнам дека ФЕТО е закана и за Косово. Одлучна борба против ФЕТО е неопходна за стабилноста и просперитетот на Косово. Тоа е она што е неопходно и од аспект на нашето пријателство и братство“, рече Фидан.

Тој исто така рече и дека разговарале и за ситуацијата во Украина и порача дека во војните нема победници и дека е неопходно да се замолчи оружјето и да се отвори патот за дијалог и дипломатија.

„Геноцидот во Газа продолжува. Најодговорен за тоа е Нетанјаху и секој ден сѐ повеќе излегува од контрола. Го шири своето варварство и на Западниот Брег. Меѓународната заедница мора да стави крај на ова непочитување на правата и законите“, рече Фидан.

На новинарско прашање да ја коментира вчерашната посета на египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси на Анкара, Фидан рече дека тоа е исклучително важна посета во рамките на обновувањето на односите меѓу двете земји и дека се потпишани 18 билатерални договори.

„Египет и Туркије имаат целосна волја да го реализираат полниот капацитет на двете земји, како во билатералните така и во регионалните односи“, рече Фидан.

Шефот на турската дипломатија Фидан заклучи дека воспоставувањето систематска рамка во односите меѓу Туркије и Египет ќе биде пример за целиот регион.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Негатива на полувреме во Торшавн, Македонија тешко се „спојува“

Следно

Протести низ Франција по изборот на Барние за премиер

Latest from Blog

На Клиниката за трауматологија изведени четири операции на р’бетен столб кај деца што биле на листа за упатување во странство

Во спиналниот центар на Клиниката за трауматологија при Клинички центар Скопје, минатата недела беа изведени четири операции на р’бетен столб кај деца со сколиоза кои што биле на листата за упатување во

Средба Гаши – Курти: Двете држави споделуваат заедничка визија за стабилен Западен Балкан

Собраниската делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, која престојува во официјална посета на Република Косово оствари средба со претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.

Бугарите од Македонија: Нашето вклучување во Уставот на РСМ не може да се опише како „уцена“, „диктат“ или „пречка“ за европската иднина на земјата

Македонските Бугари до ЕУ, ЕП и властите во Софија: Не тргувајте со нашите права, Скопје не користи за да го уништи патот кон Европа Не дозволувајте бугарската заедница кај нас да стане

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички, ДУИ правеле дваесетина буџети и не покажале демократски капацитет

Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски којшто посочи дека поднесените амандмани од опозициските

Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и
Go toTop