Гвинеја нека биде само загревање за она што ја чека Македонија во главната фаза

January 19, 2025
1 min read

Уште пред стартот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка ни беше јасно дека натпреварот против Гвинеја ќе биде најважниот за нас, но ретко кој очекуваше дека во овој натпревар ќе влеземе со еден бод.

Нашите ракометари како ретко досега во последните години покажаа голема пожртвуваност и борба на ракометниот терен за време на еден голем собир. Македонија, водена од двоецот на Еурофарм Пелистер – Митревски и Кузмановски, приреди изненадување на стартот од групната фаза и ремизираше со Унгарија, а во второто коло против Холандија загуби со 37-32 во натпревар со многу контроверзни одлуки на судиската двојка од Данска.

Поразот од „лалињата“ не смее да ја наруши атмосферата во нашата соблекувална, затоа што избраниците на Лазаров и на овој натпревар покажаа карактер, квалитет и борба и беа вистински пример како треба да се бранат боите на националниот дрес.

Гвинеја, според очекувањата, досега забележа два порази, со 40 постигнати гола и дури 75 примени. И Унгарија и Холандија извојуваа двоцифрени победи над африканската селекција, а така треба да биде и вечерва, доколку Македонија одново го покаже најдоброто од себе во Вараждин. Нема да биде изненадување доколку Лазаров направи и неколку измени во својот состав и шанса да добијат младите Галевски, Петковски и Карасманакис.

Со евентуален триумф над Гвинеја ќе бидеме дел од група во која ќе учествуваат уште Франција, Австрија и Катар.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Примирјето во Газа стапи на сила со задоцнување

Следно

Јаневска на учениците, наставниците и родителите им посака успешно совладување на предизвиците во второто полугодие од учебната 2024/2025

Latest from Blog

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни

Речиси 5.000 прекршоци преку „Сејф сити“ за една недела, изречени 288 забрани за возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 02-ри до 08-ми февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно
Go toTop