Гвардиола не е добро психички

February 5, 2025
1 min read

Тиери Анри тврди дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, „не е добро психички“ по разделбата со сопругата Кристина Сера.

Тековната сезона се покажа како огромен предизвик за каталонскиот стручњак и професионално и во неговиот личен живот. Манчестер Сити западна во длабока криза, а последниот удар беше понижувачкиот пораз од Арсенал во неделата со 1-5.

Лошата форма на Сити доаѓа во време кога и личниот живот на Гвардиола тргна во погрешен правец. Минатиот месец стана јасно дека тој и Кристина се разделуваат по 36 години заеднички живот. Според шпанскиот весник „Спорт“, еден од клучните фактори за разделбата била одлуката на Пеп да го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2027 година.

Претходно, плановите беа двајцата да се преселат во Обединетите Арапски Емирати, но кога менаџерот избра да остане во Англија, Сера донесе одлука да стави крај на бракот.

Анри, кој играше под водство на Гвардиола во Барселона, зборуваше за емотивното оптоварување што може да го носат личните проблеми на ѕвездите или тренерите кои се постојано во центарот на вниманието.

-Дали жалам што се случува со Манчестер Сити и Пеп? Да, жалам за тоа, и поради една главна причина. Не е лесно да се справиш со работите со кои Пеп мора да се справува надвор од фудбалот. Слично нешто поминав и јас кога отидов во Барселона. Не е лесно да се справиш со такви работи кога не си ментално добро. Очигледно е дека не е тој самиот. Знам како е – морав сам да поминам низ тоа во Барселона и можам да ви кажам дека не е лесно. Никој не би сакал да се бори со вакви проблеми додека од него се бара постојано да постигнува високи резултати. Но, ако гледаме чисто од фудбалска перспектива, тоа што Сити го прикажува на теренот не е доволно, изјави Анри.

Инаку, Гвардиола ја запозна Кристина Сера на само 18 години. Двојката има три деца – Марија (24), Мариус (22) и Валентина (17). Нивната врска отсекогаш била клучен дел од неговиот живот, но според „Сан“, проблемите почнале да се појавуваат пред многу години.

Трпението на Кристина се потрошило по веста дека нејзиниот сопруг повторно потпишува со Сити.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рубио тврди дека Трамп понудил многу дарежлива помош за обновата на Газа

Следно

Средба Ердоган-Штајнмаер: Туркије ќе ја продолжи соработката со Германија за регионални прашања

Latest from Blog

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на
Go toTop