Гвардиола кандидат за нов тренер на Милан

April 2, 2025
1 min read

Италијанските весници „Кориере дела сера“ и „Ла Газета дело Спорт“ тврдат дека Роберто Де Зерби е водечки кандидат за нов тренер на Милан, но наведуваат и дека постојат шанси оваа функција да ја преземе актуелниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Угледниот италијански весник пишува дека Гвардиола би можел да биде тренерот кој ќе го води Милан во следната сезона. Гласините за ова кружат веќе неколку дена, а врската е дека идниот спортски директор на „росонерите“, Фабио Паратичи и Каталонецот се во добри односи.

Гвардиола играше за Рома и Бреша во Италија, но во 2023 година изјави дека има мали шанси да се врати во Италија како тренер. Тој го пофали и Де Зерби, кој сега е водечки кандидат за нов тренер на Милан.

Паратичи постигна вербален договор со челниците на „росонерите“ за следната сезона да стане нов спортски директор на клубот.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хуси: Загинаа 61 цивил во американските напади од 15 март

Следно

Мизо во Аргумент плус: Во првите два месеци годинава има намалување на бројот на регистрирани возила во Европа, намалена е побарувачката

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop