Гутереш во Киев

March 8, 2023
1 min read

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска пристигна во Киев со надеж дека ќе добие продолжување на договорот меѓу Русија и Украина за извоз на жито склучен минатото лето, со што ќе се избегне глобален недостиг на еден од основните прехранбени производи.

Договорот, склучен на 22 јули минатата година под покровителство на ОН и Турција, овозможува извоз на жито и други прехранбени производи од три пристаништа во Црното Море кои беа блокирани поради војната и истекува на 19 март. Договорот за првпат беше продолжен во ноември, по тешки преговори. Досега се извезени речиси 20 милиони тони жито

Со цел да се обезбеди продолжување на Црноморската иницијатива за жито, Гутереш денеска ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ова е трета посета на Гутереш на Киев од почетокот на војната. Според извори, тој нема намера да ја посети Москва пред истекот на договорот.

Минатата среда Русија објави дека ќе се согласи да го продолжи Црноморскиот договор за жито што овозможува безбеден извоз на жито од украинските пристаништа, но само доколку се земат предвид интересите на нејзините земјоделски производители.

Рускиот земјоделски извоз не е конкретно цел на западните санкции, но Москва тврди дека ограничувањата на плаќањата, логистиката и осигурителната индустрија „претставуваат пречка“ за рускиот извоз на жито и ѓубрива.

Пред војната, житото од Украина и Русија претставуваше четвртина од светскиот извоз. Црноморската иницијатива се смета за витална за спречување на хуманитарна криза во земјите во развој и за ограничување на цените на храната ширум светот. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Антонио Гутереш во Киев, ќе разговара со Зеленски за договорот за извоз на жито

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби на Електра Солушн на скандалозен начин и обезбедиле тендер за надзор на изградбата на коридорите- смрди на матна зделка

Latest from Blog

Ким Џонг-ун најави нова нуклеарна политика

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат
Go toTop